Бонучи и Јувентус се смирија

February 1, 2024
1 min read

Поранешниот капитен на Јувентус, Леонардо Бонучи ја повлече тужбата против клубот од Торино која ја поднесе летото, соопштија „Бјанконерите“.

Ветеранот реши да го тужи Јуве откако му беше забрането да тренира со останатите играчи за време на претсезонскиот тренинг-камп и не беше вклучен за турнејата во САД. Тогаш Јувентус повеќе не сакаше да се потпира на него, но и тој одби да си замине.

Потоа, на крајот од преодниот рок, Бонучи се пресели во Унион (Берлин). По неговото заминување, адвокатите на Италијанецот ја водеа постапката тврдејќи дека клубот го прекршил колективниот договор за работа со тоа што не му ги обезбедил на Бонучи задолжителните услови за тренинг и подготовка. Ова доведе до оштетување на личниот и професионалниот имиџ на самиот играч.

Сега, сепак, проблемот се чини е решен, поради што клубот објави информација дека Бонучи ја повлекол тужбата.

Инаку, 36-годишниот дефанзивец веќе неколку недели е дел од Фенербахче.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

КСС на протест: На шверцерски начин се сака да се донесе Законот за административни службеници

Следно

Маргот Роби се огласи откако не беше номинирана за Оскар

Latest from Blog

Комерцијална банка доминираше со промет – неделата 23–27.03 со 73,54 милиони денари вкупен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 23.03.2026 – 27.03.2026, на Македонска берза беа реализирани 351 трансакција со вкупен промет од 73.536.409 денари
Go toTop