Бомба за крајот на преодниот рок: Сити го носи Енцо Фернандез за 140 милиони евра!

September 1, 2026
1 min read
ФОТО: Chelsea Football Club/FB

Челзи и Манчестер Сити постигнаа договор за трансферот на Енцо Фернандез, според информациите од францускиот весник „Л’Екип“. Аргентинскиот играч за врска ќе ја продолжи кариерата на „Етихад“, а за неговиот трансфер, Манчестер Сити ќе плати дури 140 милиони евра без бонуси, според овој извор.

Фернандез е во центарот на голема трансфер сага во последните денови, а сè повеќе информации укажуваат дека сака да го напушти „Стемфорд Бриџ“ и да се пресели во Манчестер.

Челзи долго време инсистираше на многу висока компензација за својот играч за врска, но Сити очигледно беше подготвен да ги исполни барањата на лондонскиот клуб.

Договорот меѓу двата клуба сега е постигнат, па Фернандез наскоро ќе стане еден од најскапите трансфери во историјата на англискиот фудбал.

Особено е интересно што неговата цена се зголеми на неверојатни 140 милиони евра, а тоа е пред какви било бонуси што би можеле дополнително да ја зголемат конечната вредност.

За Манчестер Сити, ова претставува огромен финансиски потег, но и потврда за тоа колку Енцо Мареска го сака аргентинскиот интернационалец во својот среден ред.

Фернандез пристигна во Челзи со огромни очекувања, а сега, по период поминат во Лондон, ќе отвори сосема ново поглавје во својата кариера.

Неговото доаѓање на „Етихад“ би можело дополнително да го промени изгледот на средниот ред на Сити и да му даде на Мареска уште една врвна опција во средината на теренот.

Од друга страна, Челзи ќе биде без еден од најскапо платените играчи во историјата на клубот по неговото заминување, но успеаја да добијат огромна сума за Фернандез.

Целата приказна е особено интересна затоа што во еден момент имаше сериозни сомнежи дали Сити воопшто ќе испрати официјална понуда. Сега, според „Л’Екип“, сè е решено меѓу клубовите и трансферот сè уште треба формално да се заклучи.

Фернандез на тој начин ќе се пресели од Лондон во Манчестер, каде што го очекува нов предизвик и големи очекувања.

За Сити, ова е една од најголемите зделки ова лето, додека Челзи добива финансиска инјекција од дури 140 милиони евра, без бонусите.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Паника на Тајмс Сквер во Њујорк: Жена напаѓа луѓе со нож, тргна и на полицијата- двајца загинати (ВИДЕО)

Следно

САД повторно го нападнаа Иран, објавено е кои се целите на нападот

Latest from Blog

Фентанил не веќе единствен проблем- на улиците на САД се појави нова опасна дрога

Нов бран на синтетички дроги ја продлабочува кризата со зависност во Соединетите Американски Држави, каде што на пазарот се појавуваат сè поопасни мешавини од психоактивни супстанции кои го зголемуваат ризикот од фатални

Флик искрен: ПСЖ покажа дека во моментов е подобар тим од нас, имавме што да научиме од овој меч

Барселона ја започна сезоната со серијата од 11 победи по ред, а перфектниот низ беше прекинат во Париз, каде каталонскиот гигант загуби од ПСЖ со 4:2 Веднаш по мечот, тренерот на Барселона

Фенербахче во Истанбул шокиран во 90 минута, Борусија Дормтунд победнички на гостински терен

Третото коло во Лига на шампиони започна со два меча кои завршија со многу погодоци на двете страни. Фенербахче пред своите навивачи одигра нерешено 2:2 против над Славија Прага, во меч на

Над 15 милиони денари промет на Берзата: Најмногу се тргуваше со Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 20.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.869,50 поени. Во однос
Go toTop