“Бомба“: ПСЖ сега нуди 350 милиони евра за Јамал, ако и тоа е малку ќе понуди и повеќе!

March 24, 2026
1 min read
ФОТО: FC Barselona/X

Вистинска “бомба“ од Париз. Имено медиумите во Франција лиферуваат вест која може тотално да го “измести“ светскиот фудбал.

ПСЖ се подготвува повторно да го потресе фудбалскиот пазар на начин што претходно беше незамислив. Девет години откако го доведоа Нејмар од Барселона за тогаш рекордни 222 милиони евра, париските гиганти планираат да се надминат себеси и да напишат нова страница во историјата. Целта повторно е бисерот од каталонскиот клуб – Ламине Јамал, чудо од дете кое на 18 години веќе стана глобална ѕвезда и лидер на шпанската репрезентација.

Наводно, сопствениците на ПСЖ се подготвени да платат неверојатни 350 милиони евра за него или 100 милиони повеќе од таа понуда од пред две години кога Барса не им продаде својот бисер за 250 милиони евра! По ерата на големите ѕвезди, ПСЖ гради нов тим, а Јамал го гледаат како апсолутна централна фигура околу која ќе се составуваат парчињата од мозаикот во следните 15 години. Шпанските медиуми објавуваат дека неодамна во Доха се одржал итен состанок на челниците на клубот, на кој младиот Шпанец бил главна и единствена тема. Пораката од катарските сопственици наводно била кристално јасна: „парите не се проблем“.

Во Париз се свесни дека Јамал би можел да доминира во светскиот фудбал во следната деценија и сакаат по секоја цена да го видат на „Паркот на принцовите“, нудејќи му статус на најплатен фудбалер во светот. Планот е јасен – да се искористат сите средства за да се убеди неговиот агент, моќниот Хорхе Мендеш, да започне преговори што би можеле да резултираат со најскапиот трансфер во историјата. Од друга страна, Барселона е во исклучително незавидна ситуација. Клубот со години се бори со финансиски тешкотии предизвикани од лошото управување, а сумата од 350 милиони евра не само што би решила голем дел од нивните проблеми, туку би им овозможила и целосно да го обноват тимот.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Qeveria: Profesionalizmi në media nuk është opsion, por detyrim

Следно

Милионски станови и куќи – кој купува скапи имоти во Скопје?

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop