Болниците во Газа цел на израелските воздушни напади: Шестмина Палестинци загинаа во болницата Ал-Шифа

November 10, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Израелски воени авиони синоќа извршија неколку напади врз болниците во Газа, вклучително и Ал-Шифа, главната болница во опколената енклава, јавува Анадолу.

Државната палестинска новинска агенција Вафа објави дека тешко бомбардиран е непосредниот простор до болницата Ал-Шифа при што загинале најмалку шестмина Палестинци, а повеќе се ранети.

Израелската армија продолжува со нападите врз болницата Ал-Шифа, со тврдење дека таму е стационирано военото раководство на Хамас, што палестинската група на отпорот го негира.

Министерството за здравство со седиште во Газа соопшти дека во приземјето на педијатриската болница Ал-Рантиси избувнал пожар предизвикан од израелските воздушни напади.

Вафа, исто така, објави дека областа околу Индонезиската болница, северно од Газа, била под серија силни израелски воздушни напади, предизвикувајќи паника меѓу медицинскиот персонал, пациентите и раселените лица засолнети во болницата.

Се додава дека болницата Ал-Авда во северниот дел на Газа била цел на израелски воздушни напади, при што две медицински лица биле ранети, а две возила на брза помош биле уништени.

Палестинската Црвена полумесечина објави дека израелските воздушни напади биле извршени во близина на болницата Ал Кудс во градот Газа, медицинска установа во која престојуваат околу 14.000 раселени Палестинци.

Според Канцеларијата за медиуми на Владата во Газа, 18 болници од 34 во Газа прекинале со работа или поради израелското бомбардирање или поради недостигот на гориво и медицински материјали.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група на отпорот Хамас на 7 октомври.

Загинати се најмалку 10.569 Палестинци, меѓу кои 4.324 деца и 2.823 жени. Според официјални податоци, бројот на загинати во Израел е околу 1.600.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Министерството за правда ја испраќа Комисијата за надзор до Судот во Кавадарци, каде претседател е Лазар Нанев

Следно

Џафери во вторник ќе биде домаќин на бугарскиот претседател Желјазков

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop