Болничарката која е заразена со конго-кримска хеморагична треска ја прими првата доза од антивирусниот лек „рибавирин“

August 10, 2023
1 min read

Терапијата за болничарката од Инфективната клиника на која пред неколку дена ѝ беше дијагностицирана болеста конго-кримска хеморагична треска е започната денеска, и истата ќе ѝ се дава во наредните четири дена

Директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ, на прес-конференција информира дека за жал првата пациентка од Штипскиот Регион која почина од оваа болест добила дијагноза и починала неколку часа откако стигнал позитивниот резултат, па затоа, дури и доколку надлежните го имале лекот на залиха, за неа немало спас. Таа дополнително изјави дека веднаш стапиле во контакт со инфектолози од регионот од кои побарале искуства и лекови.

„Ниту една држава нема ваков тип на лек во залиха. Ниту една. Лекарите, организациите кои работат во решавањето на овие големи или помали епидемии на конго-кримска и други хеморагични трески во ендемските подрачја ги имаат и на ваков начин помагаат кога ќе се јават спорадични случаи како што е нашиот”,

изјави директорката Стевановиќ.  

Кога станува збор за вториот случај, односно болничарката од Клиниката за инфективни болести – нејзината состојба засега е стабилна, но таа влегува во фаза во која се очекува појава на крвавење, т.н. хеморагична фаза. Кај неа ноќеска било забележано крвавење и затоа е одлучено уште од денес да започне да прима терапија со лекот рибавирин, со што Стевановиќ вели дека сметаат оти се на добар пат и навремено се преземаат сите чекори во лечењето на пациентката.

„Рибавиринот е антивирусен лек и целта е да се спречи размножувањето на вирусот, да се намали неговата моќ, наједноставно кажано. Овој лек ние порано сме го имале, и сме лекувале хроничен хепатит Ц како составен дел на терапијата со интеферони. Го немаме повеќе затоа што третманот на хепатит Ц веќе одамна е комплетно променет и таквиот третман е исклучен од употреба,

кажа Стевановиќ.

За потсетување, вработена на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби (КИБФС) пројавила симптоми на конго-кримска хеморагична треска откако инфекцијата беше детектирана кај 27-годишна жена од Штип, која набргу и почина. Заразената пациентка пројавила симптоми на деветтиот ден од надзорот и е идентификувана како контакт со среден ризик.

Откако болничарката добила позитивен резултат на испитувањата за конго-кримска хеморагична треска, екипа епидемиолози од Центарот за јавно здравје извршиле епидемиолошки увид и анкети на контакти, по што биле издадени 11 решенија за исто толку лица кои ќе бидат под 14-дневен здравствен надзор. Овој надзор не подразбира класична изолација, туку овие лица ќе треба да се јавуваат и да бидат во постојан контакт со епидемиолозите, но воедно треба да избегнуваат контакт со други лица.

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ, пред неколку дена информираше дека Институтот за јавно здравје веќе дал препораки во однос на тоа што треба да се направи за да се превенира болеста. Според него, од информациите со кои располагаат, првиот случај, односно починатата жена се заразила со директен контакт со крлеж, додека, пак, вториот случај со здравствениот работник најверојатно е преку пренос на контаминирана крв.

Тој рече дека не очекуваат да има повеќе случаи на заразени со конго-кримска хеморагична треска.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Откривање скулптура и „Прелудиум“ како вовед во 35. Поетска ноќ во Велестово

Следно

Трипуновски: Апелирам Ковачевски и Николовски да ги засукаат ракавите и да ги постават македонските земјоделци на врвот во приоритетите и да се фатат за работа

Latest from Blog

Алчинов во Отворено: За да се направи пат до хидроелектраната на река Дошница ќе треба да се исечат 1000 хектари шума

Кристијан Алчинов од „Спас за нас“ во Отворено рече дека законот за хидроелектрани е склопен во полза на инвеститорите. Според него, за изградба на една хидроелектрана на реката Дошница ќе треба да

Елиминирана шампионката на Ролан Гарос

Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон. За изненадувањето се погрижи 25-годишната Украинка Дајана Јастремска, која со 2:0 во сетови (7:6(3) и 6:1) ја

САД ја прославија 249-годишнината од независноста во Скопје

Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија вечерва со свечен прием беше одбележан 4-ти јули – Денот на американската независност. Пред бројни гости, партнери и пријатели на САД, амбасадорката Анџела

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Во координирана акција на полицијата и Агенцијата за национална безбедност вчера во Струмица се запленети 100 килограми марихуана, а три лица се уапсени, соопштија денеска од МВР. Во соопштението се наведува дека

Ќостарова Унковска во Аргумент плус: Родителите на загинатите деца во Кочани се плашат од заборав

Клиничкиот психолог Лина Ќостарова Унковска во Аргумент плус рече дека трагедијата во Кочани е надвор од сите искуства. Според неа, родителите на загинатите деца не се плашат за нивните животи и за
Go toTop