Бојкоски: Политичките блокади ја кочат иднината на Битола

August 7, 2025
1 min read

Бојан Бојкоски, координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Битола, остро реагираше на, како што вели, политичката блокада на капитални инфраструктурни проекти од страна на советниците на СДСМ, Левица и Поинаку.

Во јавна изјава, Бојкоски посочи дека додека низа општини низ земјата – меѓу кои Гази Баба, Босилово, Чаир, Желино, Врапчиште и Валандово – веќе ги користат средствата од Европската инвестициска банка за модернизација на водоводната мрежа и подобрување на условите за живот, Битола останува „заложник на политички калкулации“.

„Советничките групи со месеци одбиваат да дадат согласност за користење на овие средства. Ова не е удар по градоначалникот, ова е директен удар врз Битола и битолчани“, изјави Бојкоски.

 

Тој апелира дека граѓаните секојдневно ја чувствуваат штетата од нефункционалноста на Советот, додека, според него, одредени советници „си играат политика“ на штета на јавниот интерес.

„Битола гледа и памети. Време е за одговорност. Време е одлуките во Советот да се носат во интерес на граѓаните. Битола заслужува повеќе. Битолчани заслужуваат подобро“, порача Бојкоски.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот претседател Ердоган го пречека сенегалскиот премиер Сонко во Анкара

Следно

Алиу веќе го „излечи“ здравството – сега терапијата му е паркинг со 300 места

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop