Богоев потврди, сменети сe повеќемина раководители во Царина

August 5, 2023
1 min read

Директорот на Царинската управа, Стефан Богоев во изјава за 360° потврди дека донел низа одлуки со кои извршил кадровска реконструкција на клучни позиции во системот на раководење на управата. Тој не сакаше дополнително да ги коментира причините поради кои го повлекол овој потег, но извори од управата укажуваат дека тој се обидува да создаде свој тим во кој ќе има целосна доверба и ќе биде поефикасен во извршувањето на обврските.

Богоев потврдува дека нов шеф на мобилната Царина е Методиј Теодосиевски, кој доаѓа наместо Благоја Крстевски. За Крстевски, како и за многумина раководители во царината во периодот кога со неа раководеше претходната директорка Славица Кутирова, во кулоарите се шпекулираше дека се исклучително блиски до Игор Милев, кој важеше за директор во сенка на оваа институција иако формално и беше само советник на Кутирова.

Исто така, промена има и на шефовските места на речиси сите гранични премини. Со најфреквентниот, оној на македонско-српската граница кај Табановце ќе раководи Емилија Трајковска. Игор Јолевски пак е нов шеф на битолската царинарница а смена на раководните позиции има и кај одговорните за граничниот премин Блаце.

Со моќната скопска царинарница ќе шефува Мелиха Панева, која досега била помошник директор на секторот за акцизи. Нејзиното место ќе го преземе началничката на Одделение за алкохол, алкохолни пијалоци и тутунски производи Весна Змајшек.

Смена, како што вели Богоев се направени и на раководните позиции на Царинските испостави Скопје 1 и Скопје 2.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Министрите за надворешни работи на ОАЕ и Кина разговараа за билатералната соработка

Следно

Буфон се враќа во репрезентацијата на Италија

Latest from Blog

МЕЛАНИЈА ВО ФУСТАН СО КУЛТЕН ЈУГОСЛОВЕНСКИ СИМБОЛ: Балканците веднаш препознаа и се воодушевени

Доналд Трамп и Меланија Трамп и оваа година, во пресрет на Божиќ, ја продолжија веќе воспоставената празнична практика на телефонски разговори, насочена пред сè кон децата и припадниците на војската. Повиците ги

Тоневски: Пониква има потенцијал за целогодишен планински туризам

Во Инфо-центарот на Пониква денеска се одржа работен состанок меѓу градоначалниците на општините Кочани и Пробиштип, Владко Грозданов и Тони Тоневски, посветен на унапредување на туристичкиот развој и поефикасно искористување на потенцијалите

Квалитетниот сон овозможува подолг животен век

Според најновото американско истражување недоволниот сон го скратува повеќе животниот век отколку исхраната, физичката активност и социјалните односи. Американските научници проценуваат дека околу 16 отсто од светската популација постојано пати од несоница,
Go toTop