БЛМ за Трамп?

November 10, 2023
1 min read

Се работи за ко-основачот на БЛМ Роуд ајленд и основач на БЛМ Инкорпорејтед, Марк Фишер, кој порача дека лично му се допаѓа Трамп, додека Бајден го прогласи за „длабоко разочарување.“

Објаснувајќи го својот став, Фишер изјавува дека наклонетоста кон Трамп е затоа што „сите други не ги бива“

„Трамп лично ми се допаѓа и мислам дека тој што сега седи во Белата куќа е големо разочарување… имам длабок презир за него а и потпретседателката не ми се допаѓа,“ изјавил Фишер.

Запрашан дали се чувствува „осамен“ како лидер на БЛМ што го поддржува Трамп, Фишер објаснува дека голем број други црнци ја напуштаат „демократската плантажа“ и го поддржуваат Трамп.

„Чувствувам дека бранот ќе сврти. Чувствувам дека голем број црнци почнуваат да ја напуштаат демократската плантажа. Премногу долго бевме робови на таа партија. Всушност, ние бевме ментални робови, на кои им е страв да ја напуштат плантажата.

Партијата не го цени нашиот глас. Нивните политики во основа се расистички. Верувам дека тоа е расистичка партија која удира во срцето на црното семејство и општо на семејството. И верувам дека Доналд Трамп е спротивен на тоа,“ порачал Фишер.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Џафери во вторник ќе биде домаќин на бугарскиот претседател Желјазков

Следно

Министерството за правда влезе во кавадаречкиот суд, ќе проверува како работел претседателот Нанев

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop