„Блискиот Исток се соочува со предизвици без преседан“, истакна египетскиот претседател Фатах ал Сиси

December 19, 2024
1 min read

КАИРО (АА) – Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси денес предупреди на предизвиците без преседан во регионот на Блискиот Исток во услови на војни и конфликти, јавува Анадолу.

„Континуираната израелска војна против палестинскиот народ претставува предизвик за меѓународните резолуции за легитимност“, изјави Сиси во својот воведен говор на самитот на Организацијата за економска соработка Д-8 во Каиро.

Израел започна геноцидна војна врз Газа во која се убиени речиси 45.100 луѓе, главно жени и деца, од нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.

Немирите што произлегуваат од израелската војна се проширија во Либан, Сирија и Јемен во услови на зголемени регионални тензии.

Меѓународниот кривичен суд минатиот месец издаде налози за приведување на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Египетскиот лидер рече дека Египет планира да потпише преференцијален трговски договор со земјите членки на Д-8.

Ваквите договори даваат повластен пристап до одредени производи од земјите учеснички.

Денес во египетскиот главен град Каиро започнa самитот на Организацијата за економска соработка Д-8, на кој учествуваат и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, иранскиот претседател Масуд Пезешкијан и пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф.

На самитот, кој се одржува на тема „Инвестирање во младите и поддршка на малите и средните претпријатија: обликување на утрешната економија“, треба да се одржи специјална сесија за ситуацијата во Палестина и Либан, со учество на палестинскиот претседател Махмуд Абас и либанскиот премиер Наџиб Микати.

Групата Д-8 е основана во Истанбул во 1997 година за да ги зајакне економските и социјалните односи меѓу нејзините земји членки – Туркије, Египет, Нигерија, Пакистан, Индонезија, Бангладеш, Иран и Малезија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во студентскиот дом „Пелагонија“ решен проблемот со топла вода, се санираат и лифтовите

Следно

Извештај ДЗСИ: Имало пропусти во третманот на седуммесечното бебе кое почина на Детската клиника

Latest from Blog

Уметноста на живеењето како заедничка вредност: Diners Club и Драмски театар во нова ера на соработка

Во срцето на секоја заедница стојат приказните кои не обликуваат, а во Скопје, тие приказни веќе осум децении се раскажуваат на сцената на Драмски театар. Токму во годината на овој значаен јубилеј

Повеќе ред и хигиена на гробиштата во Прилеп

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп поставија дополнителен број корпи за отпадоци на Старите и Новите градски гробишта во Прилеп, со цел подобрување на хигиената и одржувањето на просторот. Од претпријатието информираат дека

Божиновска: Модернизацијата на енергетиката продолжува со нови проекти

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски, присуствуваше на свеченото отворање на новата 100/35 киловолтна трафостаница „Централна“ во Скопје,
Go toTop