„Блискиот исток ќе се реши“, изјави Трамп

December 12, 2024
1 min read

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, денес вети дека ќе реши огромен број кризи на Блискиот Исток, во екот на израелската војна во Појасот Газа, историските настани во Сирија и кревкиот прекин на огнот меѓу Хезболах и Израел во Либан, известува Анадолу.

„Додека зборуваме, работите се случуваат многу продуктивно на Блискиот Исток. Мислам дека Блискиот Исток ќе се реши. Мислам дека е покомплициран од руско-украинскиот, но тоа е полесно да се реши“, изјави Трамп за магазинот „Тајм“.

Трамп одби да одговори на прашањето дали израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го уверил дека ќе стави крај на војната против опколената Газа.

„Мислам дека знае дека сакам тоа да се заврши. Сакам сѐ да заврши. Не сакам луѓе да се убиваат од ниту една страна, без разлика дали се работи за Русија, Украина, Палестина или Израел и сите, знаете, различните ентитети што ги имаме на Блискиот Исток“, рече Трамп.

Според официјалните податоци, повеќе од 44.800 Палестинци се убиени во Газа во нападите на Израел врз палестинската енклава. ОН проценуваат дека 70 отсто од загинатите се жени и деца.

Трамп одби да елаборира за тоа кои случувања на Блискиот Исток ги смета за продуктивни и не го поддржа решението на две држави за ставање крај на израелско-палестинскиот конфликт, вклучително и контроверзниот план што тој го изнесе за време на неговиот прв мандат.

„Го поддржувам секое решение што можеме да го направиме за да постигнеме мир. Постојат и други идеи освен две држави, но поддржувам сѐ што е неопходно за да се постигне траен мир“, рече Трамп.

Запрашан дали му верува на Нетанјаху, Трамп рече: „Не верувам никому“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Магла на планинските превои Ѓавато и Плетвар

Следно

Семејството Берлускони бара купувач за Монца

Latest from Blog

Тоневски: Пробиштип со подобри услови за итни медицински интервенции

Две нови, современо опремени амбулантни возила пристигнаа во ЈЗУ Здравствен дом „Нада Михајлова“ во Пробиштип, информира градоначалникот Тони Тоневски. Според него, возилата ќе придонесат за подобри услови за работа на службата за

Николоски: Инвестираме меѓу 5 и 6 милијарди евра во коридорите 8 и 10, Македонија ќе стане вистинска крстосница на Балканот

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска се обрати на 23. Виенски економски форум, каде што ја истакна важноста на регионалната економска соработка, заедничкиот настап на европскиот пазар и

Критичните суровини стануваат европски приоритет, потребни се нови инвестиции и модерно рударство

Европската Унија ја засилува финансиската поддршка за обезбедување критични суровини, препознавајќи ги како основа за идниот индустриски, енергетски и безбедносен развој на континентот. Како дел од измените на буџетот за периодот 2028–2034

Николоски во Виена: Економската соработка и стратешките инфраструктурни проекти во фокусот на 23. Виенски економски форум

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски e во работа посета на Виена, Австрија, каде учествува на 23-от Виенски економски форум. Оваа година Виенскиот економски форум се реализира под мотото “ Виенски дијалог

Проданоски: Граѓани и волонтери се обединија во акција за позелен Прилеп

Околу 500 садници беа засадени во близина на манастирот „Св. Димитриј“ кај прилепското село Селце, во акција организирана од Здружението „Сина револуција“, со поддршка од компанијата „Бехтел ЕНКА“. Во акцијата, организирана по
Go toTop