Блинкен во Израел со цел да спречи ескалација на конфликтот од Газа

January 9, 2024
1 min read

КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) – Американскиот државен секретар Ентони Блинкен допатува вчера во посета на Израел, со цел да спречи ескалација на војната од Газа во поширок регионален конфликт, јавува Анадолу.

Предвидено е Блинкен да се сретне со израелскиот претседател Исак Херцог, по што ќе има средби со колегата Израел Кац и премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Тој ќе има средба и со семејствата на израелските заложници во Газа и со опозицискиот лидер Јаир Лапид.

Се очекува Блинкен да разговара со израелските официјални претставници за чекорите за избегнување на понатамошна ескалација на фронтот со Хезболах по неодамнешното убиство на заменик-шефот на Хамас, Салех ал-Арури, и високиот воен командант на Хезболах, Висам ал-Тавил.

Тој, исто така, најверојатно ќе го повика Израел да го намали бројот на жртви во Газа, да дозволи влез на поголема хуманитарната помош во Газа, како и Палестинците да не бидат присилно раселени од енклавата.

Израел започна со жестоки напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група на отпорот, Хамас, на 7 октомври. Според здравствените власти во Газа, во израелските напади досега загинати се над 23.000 Палестинци, главно жени и деца, а повредени се речиси 59.000.

Се смета дека околу 1.200 Израелци се загинати во нападот на Хамас од 7 октомври.

Според Обединетите нации (ОН), околу 85 отсто од жителите на Газа се раселени, каде што постои недостиг на храна, чиста вода и лекови. Стотици илјади луѓе живеат без засолниште, а на територијата на енклавата влегуваат помалку од половина од камионите со хуманитарна помош отколку пред почетокот на конфликтот.

На Блинкен ова му е четврто патување на Блискиот Исток за само три месеци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Состојбата во М-НАВ денеска на седница на Влада

Следно

Втор ден од протестите на земјоделците во Германија, државата ќе биде целосно блокирана

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop