Блинкен се сретна со Нетанјаху, го повтори американското противење на израелската офанзива во Рафа

May 1, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денес го повтори американското противење на израелската воена операција во Рафа, јужниот дел на Појасот Газа, јавува Анадолу.

Блинкен разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на последната етапа од регионалната турнеја за притисок за постигнување на договор за прекин на огнот во Газа.

Според израелскиот јавен сервис КАН, Блинкен му рекол на Нетанјаху дека Соединетите Американски Држави (САД) се против воената операција во Рафа, каде што се засолнети повеќе од 1,4 милиони раселени Палестинци од Појасот Газа.

Американскиот државен секретар, исто така, повикал да се направи повеќе за влез на хуманитарната помош во блокираната енклава, јави КАН.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Метју Милер, рече дека Блинкен „го повторил јасниот став на САД за Рафа“.

Разговорите меѓу двете страни се дел од тековните напори за постигнување итен прекин на огнот во Газа како дел од договорот за заложниците и важноста за забрзување и подобрување на протокот на помош во енклавата, рече Милер во изјавата.

Блинкен разговараше со Нетанјаху и за „потребата од избегнување понатамошно проширување на конфликтот“ во регионот, истакна Милер.

И покрај зголеменото меѓународно противење, Нетанјаху вчера рече дека војската ќе ја нападне Рафа со или без договор со Хамас за заложниците.

Рафа е последната преостаната област во енклавата каде Израел сè уште официјално не објавил влез на свои трупи за продолжување на нападот против Палестинците.

Американскиот државен секретар вчера пристигна во Израел на неговата трета станица, по Саудиска Арабија и Јордан, како дел од неговата регионална турнеја за разговори за постигнување прекин на огнот во Газа.

Хамас, за кој се верува дека држи скоро 130 израелски заложници, бара прекин на тековната израелска офанзива врз Газа во замена за каков било договор за заложници со Тел Авив.

Претходниот договор во ноември минатата година донесе ослободување на 81 Израелец и 24 странци во замена за 240 Палестинци, од кои 71 жена и 169 деца.

Израел спроведува немилосрдна офанзива врз палестинската енклава по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври минатата година, во кој загинаа околу 1.200 луѓе.

Во израелските напади во Газа оттогаш загинаа над 34.500 Палестинци, претежно жени и деца, а илјадници се повредени.

Повеќе од шест месеци од почетокот на израелската војна, огромни делови од Газа се во урнатини, 85% од населението е внатрешно раселено, кое е соочено и со целосна блокада на храна, чиста вода и лекови, според Обединетите нации (ОН).

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки хуманитарната помош да стигне до цивилите во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонската амбасада во Тирана за нашите државјани кои ќе летуваат во Албанија објави телефонски броеви за итни случаи

Следно

Фидан: Туркије ќе бара да биде дел од случајот против Израел пред МСП за геноцид

Latest from Blog

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“. Саиф

Петрушевски: Додека Апасиев го плаќаа од СЈО, ги величеше. Кога чешмата секна, почна да ги плука.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на мемето што го објави лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за популизам, лицемерие и злоупотреба на

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската
Go toTop