Блинкен разговараше со Гутереш за можното повлекување на Русија од Иницијативата за жито

June 23, 2023
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот државен секретар Ентони Блинкен телефонски разговараше со генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, за можноста Русија да се повлече од Договорот за црноморскиот коридор за жито што истекува следниот месец, јавува Анадолу.

„Блинкен разговараше со генералниот секретар на ОН, Гутереш, за руските изјави дека нема да ја обноват Црноморската иницијатива за жито до крајниот рок на 17 јули“, соопшти Стејт департментот.

Исто така, се наведува дека двајцата соговорници се согласиле за важноста на Договорот за глобалната безбедност на храната и негативното влијание што неговото суспендирање ќе го има врз увозниците на храна, особено во земјите во развој.

Туркије, ОН, Русија и Украина потпишаа Договор во Истанбул во јули минатата година за продолжување на извозот на жито од три украински пристаништа на Црно Море, кој беше прекинат по почетокот на руско-украинската војна во февруари 2022 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турската разузнавачка служба неутрализира висок терорист на ПКК/КЏК во Северна Сирија

Следно

Јапонија насилно стерилизирала деца и возрасни, извештај открива застрашувачки детали

Latest from Blog

Тоневски: Пробиштип со подобри услови за итни медицински интервенции

Две нови, современо опремени амбулантни возила пристигнаа во ЈЗУ Здравствен дом „Нада Михајлова“ во Пробиштип, информира градоначалникот Тони Тоневски. Според него, возилата ќе придонесат за подобри услови за работа на службата за

Николоски: Инвестираме меѓу 5 и 6 милијарди евра во коридорите 8 и 10, Македонија ќе стане вистинска крстосница на Балканот

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска се обрати на 23. Виенски економски форум, каде што ја истакна важноста на регионалната економска соработка, заедничкиот настап на европскиот пазар и

Критичните суровини стануваат европски приоритет, потребни се нови инвестиции и модерно рударство

Европската Унија ја засилува финансиската поддршка за обезбедување критични суровини, препознавајќи ги како основа за идниот индустриски, енергетски и безбедносен развој на континентот. Како дел од измените на буџетот за периодот 2028–2034

Николоски во Виена: Економската соработка и стратешките инфраструктурни проекти во фокусот на 23. Виенски економски форум

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски e во работа посета на Виена, Австрија, каде учествува на 23-от Виенски економски форум. Оваа година Виенскиот економски форум се реализира под мотото “ Виенски дијалог

Проданоски: Граѓани и волонтери се обединија во акција за позелен Прилеп

Околу 500 садници беа засадени во близина на манастирот „Св. Димитриј“ кај прилепското село Селце, во акција организирана од Здружението „Сина револуција“, со поддршка од компанијата „Бехтел ЕНКА“. Во акцијата, организирана по
Go toTop