Блинкен ѝ порача на Турција веднаш да го одобри приемот на Шведска во НАТО

May 30, 2023
1 min read

Коментарите на Блинкен уследија неколку часа откако Турција ја повика Шведска да ги гони одговорните за закачувањето на знамето на забранетата Работничка партија на Курдистан на зградата на парламентот во Стокхолм на денот на изборите, кога претседателот Реџеп Таип Ердоган освои уште еден мандат

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ја повика Турција веднаш да го финализира приемот на Шведска во НАТО, велејќи дека нордиските земји веќе презеле значителни чекори за да ги исполнат приговорите на Анкара поврзани со членството на Шведска.

Блинкен, исто така, ја отфрли можноста дека одобрувањето на Турција за прием на Шведска во НАТО е поврзано со продажбата на американски борбени авиони Ф-16 на Турција, иако американскиот претседател Бајден во понеделникот навести дека постои врска меѓу тие две работи.

Зборувајќи на заедничката прес-конференција со шведскиот премиер во Лулеа, северна Шведска, Блинкен рече дека Вашингтон ќе продолжи да работи на финализирање на пристапувањето на Шведска во алијансата до почетокот на самитот на НАТО во средината на јули, кога ќе се сретнат лидерите на алијансата.

„Ние веруваме дека времето е сега и нема причина зошто тоа да не се случи. Турција изрази важна и легитимна загриженост, Шведска и Финска се осврнаа на тие грижи. Очекуваме овој процес да биде завршен во наредните недели. Немаме сомнеж дека до тоа може да дојде, дека треба да биде и очекуваме да биде“,

рече Блинкен.

Коментарите на Блинкен уследија неколку часа откако Турција ја повика Шведска да ги гони одговорните за закачувањето на знамето на забранетата Работничка партија на Курдистан на зградата на парламентот во Стокхолм на денот на изборите, кога претседателот Реџеп Таип Ердоган освои уште еден мандат.

Шведска и Финска аплицираа за членство во НАТО минатата година, напуштајќи ја долгогодишната политика на воено неврзување по руската инвазија на Украина. Барањето за членство мора да биде одобрено од сите земји на НАТО, а Турција и Унгарија допрва треба да го одобрат шведското барање.

Турција го ратификуваше членството на Финска во НАТО на крајот на март, но и понатаму се противи на приемот на Шведска, тврдејќи дека во Шведска има пристаништа на милитантни групи кои Турција ги смета за терористички. Унгарија, исто така, сè уште не го одобрила шведското членство.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Енис Барди стрелаше за Трабзонспор (ВИДЕО)

Следно

Јапонскиот премиер го отпушти сопствениот син поради непримерни фотографии

Latest from Blog

Општина Битола обезбеди 300.000 денари за субвенции за возачки испит

Општина Битола објави јавен повик за доделување еднократна финансиска помош од 6.000 денари за млади лица кои поради привремениот прекин на работата на Испитниот центар во Битола биле принудени да полагаат возачки

Божиновска: Еднаквите можности почнуваат со работна средина што ги поддржува жените

Работната средина треба да им овозможи на жените да напредуваат во кариерата без да се откажуваат од семејниот и личниот живот, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на

Коњановски: Околу 15.000 евра проценета годишна заштеда од првата фаза на „Сончеви училишта“

Фотонапонска централа со инсталирана моќност од 40 киловати е поставена во ОУ „Св. Климент Охридски“ во Битола. Централата беше технички прегледана и предадена во рамките на проектот „Сончеви училишта“, кој со анекс

Костовски: Засилени инспекциски контроли во Бутел, на удар објектите со сомнежи за законски прекршувања и непрописното паркирање

Општина Бутел започна со засилени инспекциски контроли на целата своја територија, во координација со инспекциските служби на Град Скопје и Министерството за внатрешни работи (МВР). Веста ја соопшти градоначалникот на Општина Бутел,

Божиновска: Ќе ја зајакнеме соработката со ФЕИТ за младите инженери да стекнат практично искуство

Студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) го посетија Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, каде што со министерката Сања Божиновска разговараа за енергетската сигурност, обновливите извори и енергетската
Go toTop