Блинкен ги предупреди земјите од Г7 дека Иран може да го нападне Израел во наредните 24-48 часа

August 5, 2024
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ги предупреди министрите за надворешни работи на земјите од групата Г7 дека нападите на Иран и Хезболах врз Израел би можеле да дојдат „уште во понеделник“ како одмазда за убиството на политичкиот шеф на Хамас, Исмаил Ханије, и на високиот командант на Хезболах, Фуад Шукр, пренесува Анадолу.

За време на телефонски разговор Блинкен рекол дека САД веруваат дека Иран и Хезболах ќе возвратат, но не е јасно во каква форма ќе биде одмаздата, објави американскиот информативен сајт „Аксиос“, цитирајќи три извори информирани за разговорот.

Изворите истакнаа дека Блинкен рекол дека нападите би можеле да се случат во следните 24-48 часа. Еден извор истакна дека звучел „фрустрирачки“ додека ги информирал колегите за неодамнешните разговори околу договорот за прекин на огнот во Газа и размена на заложници.

Кога беше побаран коментар, Стејт департментот се повика на официјалната објава на телефонскиот разговор на Блинкен со колегите од Г7.

Според објавата, Блинкен ја нагласил „итната потреба од деескалација на Блискиот Исток“ и тековните напори за постигнување прекин на огнот во Газа и договор за размена на заложници/заробеници.

„Тие разговараа за тоа како прекинот на огнот во Газа ќе ја отклучи можноста за поголем мир и стабилност во регионот, вклучително и преку Сината линија (меѓу Израел и Либан). Секретарот и министрите за надворешни работи ја повторија својата посветеност на безбедноста на Израел и повикаа на максимална воздржаност од сите страни за да не ескалира конфликтот“, се додава во соопштението.

Повиците дојдоа додека тензиите на Блискиот Исток се зголемија откако Иран вети „строга казна“ за Израел поради атентатот минатата среда врз Ханије во резиденцијата во која престојуваше во иранскиот главен град Техеран.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Партиско – семеен „туризам“ за гласањето на дијаспората

Следно

Турскиот министер за надворешни работи се состана со египетскиот претседател

Latest from Blog

Нова урбана зона во Битола – конкурс за најдобро идејно решение

Основна цел на конкрсот е да се добие квалитетно урбанистичко – архитектонско и пејсажно решение за нова спортско-рекреативна зона во АРМ – Битола, со компатибилни мали комерцијални и деловни намени, следејќи ги

Сeјфулаху: Кризата на Блискиот Исток и глобалното влијание – психолошка перспектива

Тензијата на Блискиот Исток и нејзините ефекти врз глобалната економија, особено во секторот на нафта и енергија, создадоа бран на несигурност и анксиозност кај луѓето ширум светот. Зголемувањето на цените, економската нестабилност

САД подготвуваат копнена офанзива против Иран?

 Американскиот претседател и натаму тврди дека преговорите со Техеран добро напредуваат, Иран категорично негира, а разногласијата повторно ја вивнаа цената на нафтата на 110 долари за барел, особено по информациите дека Пентагон
Go toTop