БлекРок ја купува Британија

July 2, 2024
1 min read

Овој тренд има две компоненти: напуштање на големи делови од британската елита од земјата и (рас)продажба на „семејното сребро“ – главно во Америка.

Последните податоци покажуваат дека британските милионери се пакуваат и заминуваат. Во 2024 година, се очекува 9.500 милионери да ја напуштат Британија. Ова ја става земјата на второ место по имиграција на милионери, зад Кина (15.200) и пред Индија (4.300). Но, кога бројките ќе се приспособат на населението, сликата целосно се менува. На 100.000 луѓе, од Британија заминуваат 14,2 милионери, од Кина 1,1 а од Индија само 0,3.

Како што заминува домашната елита, така американските фирми ги откупуваат британските бизниси. Не се работи само за звучни преземања како примерот со Преквин туку и за огромен број британски средни компании.

Зошто милионерите си заминуваат? Една од причините, без сомнение, е решеноста на лабуристите да го зголемат данокот на капитална добивка и да ја укинат дупката која менаџерите на фондовите ја користеа за да избегнат плаќање данок.

„Но, поважната причина е подлабока од тоа: тие намирисаа „крв во водата“. Чувството за пад на Британија сега е очигледно за секого“, пишува макроекономистот Филип Пилкингтон.

Вели, Британија ја прифати улогата само да ѝ терцира на Америка затоа што немаше избор. Сега, кога самата ѕвезда на Америка на светската сцена почнува да бледее, стаорците го напуштаат бродот што тоне и се враќаат во империјалната престолнина – носејќи со себе сè што не е заковано.

„За жал, Британците немаа избор ни за ова прашање. Мислеа дека нивните лидери се посветени на водење на државата, но тие испаднаа кариеристи кои само гледаат на кое следно место ќе се ухлебат“.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Владата одлучи – ќе се враќа оградата околу владината зграда

Следно

Пикси нема да поднесе оставка по лошиот резултат на ЕП

Latest from Blog

Проданоски: Прилеп ќе добие обновена спортска сала со 1.959 седишта

Општина Прилеп ги завршила потребните административни процедури и активности за целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“, со што се создадени предуслови за реализација на проектот, информира градоначалникот Дејан Проданоски. Планираната инвестиција изнесува

Проданоски: Четири милиони денари за нов простор за игра на децата во населбата „Типски“

Ново детско игралиште е изградено во прилепската населба „Типски“, со инвестиција од четири милиони денари и поддршка од Министерството за спорт преку владиниот повик за децентрализација на средствата, информира градоначалникот Дејан Проданоски.

Се шират шпекулации дека Ким Џонг Ун е мртов. Северна Кореја објави нови негови фотографии.

На фотографиите се гледа како Ким разгледува детски обувки и женска облека. Оваа објава доаѓа во време на шпекулации за здравствената состојба на 42-годишниот лидер и за можна криза околу наследувањето на

Николоски: Новиот оператор „4iG“ ќе користи сателити на Илон Маск за мобилно поврзување

Новиот мобилен оператор „Оне Македонија“, дел од унгарската групација „4иГ“, планира да ја користи сателитската мрежа Starlink на компанијата „Спејсекс“. Ова го најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервју
Go toTop