Блек рок бараат потпретседател во Србија

October 26, 2023
1 min read

За гигантскиот инвестициски концерн Блек Рок обично се вели дека е владетел на светот, нивното богатство се мери во трилиони долари а се занимаваат со управување на инвестициони фондови и советување на централни банки ширум светот, големи инвеститори, влади и министри за финансии.

Тивко и без помпа, како што обично работат, Блек Рок влегоа во Србија во 2019 година кога ја купија софтверската компанија „еФронт“ со околу 500 вработени во Белград.

Деновиве објавија конкурс за позиција потпретседател за што бараат софтверски инженер и лице кое ќе работи во „Програмот за ветерани и спортисти.“ Им се нуди „заедно да ја градиме следната генерација на технологија во светот на глобалните инвестиции.“

За оваа моќна светска компанија, регионалната јавност пошироко се заинтересира кога српскиот опозиционен пратеник и поранешен амбасадор во Велика Британија и Ватикан, Владета Јанковиќ, ја праша премиерката дали е точно дека Блек Рок го откупил јавниот долг на Србија за што земјата ги заложила своите природни богатства. 

„Тоа е една семоќна интернационална компанија, со капитал од  трилиони долари, која ги има упропастено Пакистан, Аргентина… Се зборува дека го шират работењето во Србија, го преземаат надворешниот долг од 34 милијарди долари за што Србија морала да ги заложи рудните богатства, енергетскиот потенцијал, земјоделско земјиште…. Ако е ова точно, ние ја имаме задолжено Србија до правнуци,“ рече Јанковиќ.

Брнабиќ го демантираше преземањето на долгот и рече дека Блек Рок само поседуваат српски еврообврзници од 138 милиони евра кои се необезбедени и за нив не се гарантира со имотот на Србија.

„Блек рок има профит и кога германски автомобили излегуваат од производствена лента и кога рудари во Јужна Америка копаат руда и кога американските фармацевти развиваат нови лекови и кога во Африка се вади злато. Блек Рок е насекаде,“ напиша Хајке Бухтер која за компанијата вели дека е најголем управител на имот на светот.

**************

**************

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

„Верувам дека има проевропски политичари и надвор од владеачката коалиција“, рече Ковачевски

Следно

Џафери: Роковите за избори мора да се запазат, партиите до Нова година да се договорат и да ме информираат за датум

Latest from Blog

Мадона се мажи за момче, помладо од нејзината ќерка- свадбата ќе се одржи во Европа

Странските медиуми објавуваат дека Мадона (67) наскоро би можела да го каже судбоносното „да“ на своето 38-годишно момче Аким Морис (29), со кого е во врска неколку години. Според „Радар онлајн“, Аким

Тројца мажи од група од 50-тина што им се закануваше на Србите во Сплит се приведени, откриен идентитетот на еден од вмешаните во скандалот

Сплитската полиција, неофицијално дознава „Слободна Далмација“, во вторник пронашла и привела тројца мажи за кои се сомнева дека се дел од група од околу педесет лица во понеделник вечерта во рацијата во

Со колку пари се купува среќата?

Сите ја знаеме познатата изрека „Среќата не се купува со пари“, но сумата на пари што ја заработувате може да влијае врз тоа како ја доживувате среќата, вели едно најново научно истражување.

Мицкоски од Брисел: Поради вештачки спорови две и пол децении стоиме во место на нашиот европски пат

Две и пол децении по почнувањето на нашиот пат кон членство во ЕУ, ние се уште сме на истото место, не затоа што не ги исполнуваме Копенхашките критериуми, туку поради некои вештачки
Go toTop