Блажевски“ го обедини македонскиот фолклор пред преполната сала во НОБ

October 31, 2025
1 min read

Фолклорното студио „Блажевски“, едно од најпрепознатливите аматерски друштва за народни игри во земјата, синоќа (30 октомври) го одржа својот годишен традиционален концерт во преполната сала на Националната опера и балет во Скопје. Концертот, инспириран од народната песна „Од там се гледа Македонија“, беше тематски посветен на народните игри и песни од трите делови на Македонија – Егејскиот, Пиринскиот и Вардарскиот.

Публиката имаше можност да ужива во повеќе традиционални постановки кои се авторско дело на кореографот и основач на студиото, Јовица Блажевски, меѓу кои „Посеље“, „Моме Митро“, „Радовишки Собор“ и „Пијанец“. Во програмата беа вклучени и неколку изведби кои се веќе класика на македонскиот фолклор – „Солунка“, „Поречки“ и „Пиринско пролетно цвеќе“, а концертот го одбележаа и премиерните изведби на „Селеник оро“, „Егејка“ и „У ливаду“.

Покрај играорниот дел, присутните уживаа и во изведби на народни песни од сите региони на Македонија, што придонесе за целосно доживување на фолклорната традиција која ја нудат разните предели каде живее македонскиот народ.

 

Фолклорното студио „Блажевски“ е формирано во 2013 година и денес брои над 100 активни членови, распределени во неколку возрасни групи. Неговиот основач и уметнички раководител, Јовица Блажевски, е воедно и актуелен раководител на играорниот кор при Националната установа „Танец“.

Настанот ја долови разновидноста и магија на македонскиот фолклор преку ритам, песна и костимографија кои ја прераскажуваат историјата и душата на македонскиот народ. Концертот беше поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дендиас: Во 2026 година започнуваме со доброволно служење воен рок за жени

Следно

Прилеп слави 81 година од ослободувањето со пригодни настани

Latest from Blog

Ѕвездата на серијата „Луд, збуњен, нормалан“ се откажа од награда по пресудата за педофилија

Како што објави „Вијести онлајн“, Касумовиќ одлучи да се откаже од наградата „3 јануари“, највисокото општинско признание на Бијело Поље, кое му беше доделено во 2017 година, пренесе Индекс. Испрати соопштение за

Новогодишна лото грозница во Словенија- тикети се препродаваат и за 10.000 евра

За само осум дена беа продадени сите 450.000 тикети, па многумина ја пропуштија шансата да учествуваат во извлекувањето на големите награди. Во меѓувреме, тикетите се појавија во онлајн реклами, а поединци бараат

Гвадалахара не успеа да направи изненадување, Барса се пласираше во следната рунда на купот

фото: FC Barcelona (X) Фудбалерите на Барселона потешко од очекуваното го совладаа третолигашот Гвадалахара со 0:2 и се пласираа во следната рудна од Купот на Кралот. Избраниците на Ханси Флик во финишот

Тренчевска и Трајановски се нови потпретседатели на СДСМ

Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, по завршувањето на вечерашната седницата на Централниот одбор на СДСМ го соопшти новото раководство на партијата. -На седницата на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз
Go toTop