По окончување на судскиот случај „Поштенска банка“ во полза на обвинетите во 2024 година, како што пишува порталот ПлусИнфо еден од нив, гевгелискиот бизнисмен Томе Главчев, во јануари годинава, поднел кривична пријава против поранешните обвинители на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева, Бурим Рустеми и Лиле Стефанова. Главчев ги пријавува дека од него барале „поткуп“.
Во пријавата на којашто повикува ПлусИнфо, во која детално се опишани сите дејствија со кои тројцата обвинители вршеле притисоци врз обвинетите во случајот „Поштенска банка“, Главчев пријавува дека првопријавената Катица Јанева, индиректно, преку сведокот Бојан Јовановски од Скопје, побарала од него подарок од милион евра, за себе и за обвинителите кои постапувале во предметот (Бурим Рустеми и Лиле Стефанова), за да извршат службени дејствија што би морале да ги извршат, да дадат позитивно мислење за прифаќање на поднесениот предлог за гаранција, а потоа да се донесе наредба за запирање на кривичната постапката.
Целиот текст може да го прочитате на ПлусИнфо.мк


