Бицевски: Образовниот систем го проби дното, секој ден огромни пропусти, власта не води грижа да запре распадот во образованието

February 11, 2023
1 min read

Распадот во образованието нема крај. Повторно дојави за бомби во училиштата и повторно никаков план, насоки, препораки за евакуација на децата и надокнадување на изгубените часови, вели Јован Бицевски, член на Комисија за образование на ВМРО-ДПМНЕ.

-Го информираме министерот за образование, кој можеби и ги знае податоците, но ништо не презема за секојдневни огромни пропусти.

Прво, состојба во Државен испитен центар. Над 600 кандидати за полагање на приправнички испит, на кои без образложение им беше ускратена есенската испитна сесија, немаат никаква информација за одржување на испитот. На 111 кандидати за стекнување на лиценца за директор не им се решава проблемот, со незаконското закажување на испитот, кој ни по една година, а за некои и повеќе, не можат да го завршат и тоа не по нивна вина. Некој за ова треба да одговара и тоа за злоупотреба на службена должност.

Министерот му ги одзеде ингеренциите на градоначалникот во Виница и постави директор за кој постои основано сомнение дека има фалсификат сертификат за јазик. Всушност сертификатот е издаден од непостоечка институција во Бугарија. Предметот е во судска постапка. Го информираме Министерот дека ова не е единствен случај и дека голем број директори на СДСМ се со сомнителни сертификати за познавање на јазик. Фалсификување документ е кривична одговорност, но министерот тоа не го интересира.

Понатаму, учениците во Математичко –информатичката гимназија протестираа и не посетуваат настава заради ускратување на соодветно образование од соодветни професори. На полугодие им избираат нови професори, а одбиваат еминентни стручњаци. Најзаинтересираните деца, оние кои се определиле за математика, напорно учење, натпревари, се спречени од власта да успеат во своите цели.

Понатаму, спроведувањето на новата Концепција на Мила Царовска во петто одделение предизвика проблеми во изведувањето на наставата. Каде што нема технички средства, на пример за предметот Техничко образование и информатика, таму и часовите се несоодветно распоредени на наставниците и дополнително наставниците не се дообучени за спроведување на новата наставна програма.

Понатаму, некои ученици имаат проблем со превозот до училиште. На пример, деца од село Илиово, Делчевско не посетуваат настава. Еден родител се нафатил за одредена цена, која ја плаќаат учениците, да ги вози до училиштето. Градоначалникот не презема никаква активност да им го реши проблемот. Ќе има ли одговорност?

Има уште многу, но поентата е во тоа што системот комплетно се распаѓа, а никој не води грижа да го запре овој распад. Власта на СДСМ и ДУИ во моментот го зголемува мнозинството, кое никако не може да стигне до 80, па од тука произлегува прашањето зошто го прави тоа, наместо да ги решава секојдневните проблеми на населението.

Образованиот систем го проби дното. Доста е. Решение се предвремени парламентарни избори. Време е, подвлекува Бицевски.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ФОТО) Една од најубавите фотографии од старо Скопје! 

Следно

(ИСПРАВКА) Ковачевски, сепак, предложил разрешување на министрите и замениците од Алтернатива

Latest from Blog

Приведен возач од Злетово – возел пијан и излетал од патот!

На 02.07.2025 околу 20 часот на регионалниот пат с.Лесново- Злетово, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода В.Ј.(64) од Злетово. Тој управувајќи патничко возило „шевролет спарк“, излетал од коловозот, а

Следуваат температури и над 40 степени, ИЈЗ со апел и препораки за заштита од топлото време

Под влијание на топла воздушна маса од југ, од денеска до средината на следната седмица, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура насекаде ќе биде

ПОЖАРОТ НА КРИТ Е НАДВОР ОД КОНТРОЛА: Изгорени се куќи, хотелите се загрозени, луѓе евакуирани со чамци (ВИДЕО)

Пожарот што избувна во попладневните часови во среда (2 јули) во земјоделско-шумарска област, во градот Ахља во областа Ласити на Крит, избувна. Малку пред 20:30 часот, од бројот 112 е испратена нова

Во Собранието ќе заседаваат две комисии

Во Собранието денеска ќе заседаваат две комисии – Комисијата за култура и туризам и Законодавно правната комисија. Пред членовите на Комисијата за култура и туризам се Предлог законот за изменување и дополнување
Go toTop