Битола за 2026: Буџет што носи развој и подобар живот за граѓаните

December 29, 2025
1 min read

Советот на Општина Битола вечерва со 18 гласа „За“ го усвои буџетот за 2026 година, кој ќе овозможи развој и подобрување на животниот стандард на сите граѓани.

Основниот буџет за следната година изнесува 784.327.579 денари, а со додавање на пренесениот вишок приходи, средствата од ДДВ за 2025 година и средства по основ на склучени договори со министерствата, висината на основниот буџет достигнува 1.650.166.707 денари. Заедно со приходите од самофинансирачки активности, дотации и донации, вкупниот буџет на Општината ќе изнесува 3.107.580.972 денари.

Претседателот на Советот, Бојан Бојкоски, нагласи дека буџетот значи развој, еднаквост и иднина за сите граѓани. „Програмата за развојни планови изнесува 12,8 милиони евра, со значајни инвестиции во спорт, економски развој, инфраструктура и социјална заштита“, истакна Бојкоски.

Градоначалникот Тони Коњановски оцени дека усвоениот буџет е резултат на сериозна работа и внимателно планирање, со фокус на рамномерен развој на сите делови на општината, поддршка на младите, образованието и економскиот напредок. Тој најави транспарентна реализација на планираните проекти и отчетност пред јавноста, со цел Битола да продолжи да се развива.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЦРВЕНА И ЗЕЛЕНА: Дознајте зошто овие бои се симбол на Божиќ и Нова година?

Следно

Араухо беше во Ерусалим и Уругвај, па се врати на тренинг во Барса

Latest from Blog

Мерц остро одговори на заканите на Трамп: Доколку сакате да помогнете…

На конференцијата „Иницијатива за идни инвестиции“ (FII) во Мајами Бич, Флорида, Трамп прво повторно ги нападна сојузниците на НАТО, Франција и Велика Британија. Потоа се сврте кон Германија. „Германскиот канцелар – сите

Мерц остро одговори на заканите на Трамп: Доколку сакате да помогнете…

На конференцијата „Иницијатива за идни инвестиции“ (FII) во Мајами Бич, Флорида, Трамп прво повторно ги нападна сојузниците на НАТО, Франција и Велика Британија. Потоа се сврте кон Германија. „Германскиот канцелар – сите

Министерството за спорт и САДУ потпишаа колективен договор: Етапно зголемување на платите до 21% и бројни придобивки за вработените

Министерството за спорт претставено од министерот Борко Ристовски и Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство (САДУ), претставуван од претседателот Благоја Ралповски, денеска склучија Колективен договор за вработените во Министерството. Ова, како
Go toTop