Битола утрово најстуден град, најмногу снег на Попова Шапка

January 24, 2025
1 min read

Битола и утрово беше најстуден град утрово во Македонија со -4 степени, а во целина температурите беа во плус во поголемиот дел од земјава.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)

-4 Битола, -3 Прилеп, -1 Тетово, Виница, Струмица, Берово, 0 Гевгелија, Дебар, Лазарополе, 1 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Штип, Велес, Кавадарци, 2 Скопје-Петровец, Охрид, Претор, Демир Капија, 3 Попова Шапка, 4 Крушево.

Најмногу снег има на Попова Шапка 44 сантиметри, Крушево 18 сантиметри, Битола 11, и Тетово 3.

Времето денеска ќе биде магливо и студено. Во крајните северозападни планински региони ќе има услови за слаб дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15 степени, а во котлините со магла од 2 до 6 степени.

Во Скопје во поголем дел од денот ќе биде магливо и тивко. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Изгреби за здравје“ за предизвиците со кои се соочуваат жените Ромки

Следно

Томовски: Тендерот за обезбедување е со олеснети услови за 50%, зголемена конкуренција со заштеда на државниот буџет од 500,000 евра

Latest from Blog

Мерц остро одговори на заканите на Трамп: Доколку сакате да помогнете…

На конференцијата „Иницијатива за идни инвестиции“ (FII) во Мајами Бич, Флорида, Трамп прво повторно ги нападна сојузниците на НАТО, Франција и Велика Британија. Потоа се сврте кон Германија. „Германскиот канцелар – сите

Мерц остро одговори на заканите на Трамп: Доколку сакате да помогнете…

На конференцијата „Иницијатива за идни инвестиции“ (FII) во Мајами Бич, Флорида, Трамп прво повторно ги нападна сојузниците на НАТО, Франција и Велика Британија. Потоа се сврте кон Германија. „Германскиот канцелар – сите

Министерството за спорт и САДУ потпишаа колективен договор: Етапно зголемување на платите до 21% и бројни придобивки за вработените

Министерството за спорт претставено од министерот Борко Ристовски и Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство (САДУ), претставуван од претседателот Благоја Ралповски, денеска склучија Колективен договор за вработените во Министерството. Ова, како
Go toTop