Битола: Усвоен Деловникот и програмата за превенција на детско престапништво

April 6, 2026
1 min read

ОНа денешната седница на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво (ОСПДП) на Општина Битола, беше конституиран новиот состав на Советот, со обновен мандат и јасна определба за унапредување на системскиот пристап кон превенцијата на детското престапништво.

Во рамки на седницата, за претседавач беше избрана Жанета Ристевска – лиценциран психолог во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ Битола, за заменик претседавач – Митко Бошевски, адвокатската комора, додека за секретар беше избрана Силвана Дејаноска – судски администратор во Основен суд Битола, со што се обезбедува функционално и координирано раководство на Советот во наредниот период.

Советот го разгледа и усвои Деловникот за работа, кој претставува основа за транспарентно, ефикасно и одговорно функционирање, утврдувајќи јасни надлежности, процедури и механизми за донесување одлуки и координација помеѓу сите релевантни чинители.
Дополнително, беше разгледан и усвоен извештајот за реализираните активности во изминатиот период, при што беа нотирани постигнатите резултати, но и предизвиците со кои се соочуваат институциите во областа на превенцијата на детското престапништво.

Посебен акцент беше ставен на утврдување на приоритетите и дефинирање на конкретни мерки и активности во рамките на Програмата за превенција на детско престапништво за 2026 година. Во таа насока, Советот ќе се фокусира на рана идентификација на ризици, работа со деца и млади во ризик, поддршка на семејствата, како и зајакнување на превентивните механизми преку образовниот и социјалниот систем.
Беше донесена одлука за формирање на работни групи кои ќе работат на конкретни области, со цел поефикасна имплементација на мерките и постигнување на одржливи резултати.

Членовите на Советот ја потенцираа потребата од засилена меѓуинституционална соработка, вклучување на граѓанскиот сектор и континуирана комуникација со јавноста, со цел создавање интегриран и координиран пристап во превенцијата.

Општинскиот совет испраќа јасна порака дека превенцијата на детското престапништво е заедничка одговорност и бара навремено делување, координација и континуирана посветеност од сите релевантни институции и чинители во заедницата.

Општина Битола останува цврсто посветена на создавање безбедна, инклузивна и поддржувачка средина за сите деца и млади, преку развој и спроведување на проактивни политики и мерки засновани на соработка, превенција и рана интервенција.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тоневски: Поддршката за спортот останува приоритет во Пробиштип

Следно

Проданоски: Индустриската зона „Металец“ добива нова инфраструктура и модерно осветлување

Latest from Blog

Проданоски: Индустриската зона „Металец“ добива нова инфраструктура и модерно осветлување

Прилеп – Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, најави почеток на градежните активности за целосно инфраструктурно уредување на Индустриската зона „Металец“, што претставува значаен чекор кон развојот на локалната економија и привлекување

Тоневски: Поддршката за спортот останува приоритет во Пробиштип

Пробиштип беше домаќин на традиционалната средба на борачите, на која се собраа ветерани, спортски работници и претставници од боречките клубови од целата држава. Средбата беше организирана од Здружението на борачи ветерани на
Go toTop