Биткоинот падна за 7 отсто откако Трамп воведе нови царини

February 3, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (AA) – Цената на биткоинот падна за 7,09 отсто денес, откако американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба во саботата со која воведе царини на увозот од Мексико, Канада и Кина, јавува Анадолу.

Во 08:30 часот по Гринич, биткоинот се тргуваше по цена од околу 94.250 долари, додека неговата пазарна капитализација се намали на 1,86 билиони долари.

Трансакцискиот обем на биткоинот во последните 24 часа изнесуваше околу 97,4 милијарди долари.

Минатиот месец, цената на биткоинот го достигна највисокото ниво во историјата – околу 109.000 долари, благодарение на инаугурацијата на Трамп.

Цената на етереумот исто така забележа значителен пад од 21 отсто, па сега се тргува по 2.567 долари.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се проширува истрагата во „Адитив“- осомничени осум нови лица, а тројца претходно осомничени се товарат и за перење пари

Следно

Гвардиола за дебаклот со Арсенал: Жалам само за последните 25 минути

Latest from Blog

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032

Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата  Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзина имплементација. -Стратегијата во изминатите неколку месеци е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни
Go toTop