Биткоинот грми, доларот во „спирала на смртта“

March 8, 2024
1 min read

Биткоинот – заедно со поширокиот пазар на етереум, XRP и крипто – во текот на минатата година вртоглаво порасна, со некои прогнози дека доаѓа уште поголем бран.

Цената на биткоинот надмина 60.000 долари за биткоин, што повторно го прави имот од 1.000 милијарди долари, додека комбинираниот пазар на етереум, XRP и крипто е многу над 2 трилиони долари и сето тоа предизвикува сериозни предупредувања за „масовна колатерална штета“.

Аналитичари на Банката на Америка предупредија дека оптоварувањето на американскиот долг се зголемува и на секои 100 дена се додаваат 1 трилион долари, што ќе поттикне сериозен пораст на цената на биткоинот.

„Американскиот национален долг се зголемува за 1 трилион долари на секои 100 дена“, напиша Мајкл Хартнет, главен стратег на Банката на Америка, додавајќи дека тоа оди во прилог на златото и биткоинот. Со други зборови, на американскиот долар може да му биде украдена круната како главен чувар на вредноста.

Американскиот национален долг вртоглаво се искачи последниве години. На почетокот на оваа година ја премина границата од 34 трилиони долари што повлече луди предвидувања дека цената на биткоинот може да порасне и до 1 милион долари за биткоин.

„Тоа реално може да ја поремети следната администрација“, вели  професорот по финансии Жоао Гомес. „Доколку смислат планови за големи даночни намалувања или други големи фискални стимули, пазарите би можеле да се побунат, каматните стапки да скокнат и ете нè во криза веќе во 2025 година. Тоа реално може да се случи. Убеден сум дека, на крајот на деценијата, вака или онака, ќе бидеме во криза“.

Авторот на влијателната книга „Црниот Лебед“, Насим Талеб рече дека економијата на САД е во „спирала на смртта… сè додека имате Конгрес кој беркрајно го продолжува лимитот на долгот и да калкулира плашејќи се од последиците од преземањето правилни чекори.

„На крајот ќе имате должничка спирала“, вели Талеб, а “должничката спирала е како спирала на смртта“.

Ова не завршува добро“, го пренесува Форбс мислењето на Женевив Рох-Дектер, поранешен менаџер на средства кој го води билтенот на Грит Капитал.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Охриѓанка падна од трети кат на зграда, уапсени се двајца, можно е да ја турнале

Следно

Скопските екипи се разминаа во полуфиналето на Купот

Latest from Blog

Љубовницата од концертот на Колдплеј ѝ се нафрли на Гвинет Палтроу (ВИДЕО)

Кабот, чиј приватен и деловен живот е нарушен по виралниот инцидент со таканаречената „камера за бакнување“ на концертот на „Колдплеј“, ја нарече актерката лицемерка. „Како се осмелува?“ Во серија нови интервјуа, Кабот

(Видео) Сепак постојат: Прв пат снимена ЦЕРЕМОНИЈА НА ИЛУМИНАТИТЕ

Со години, Илуминатите ја пречекоруваа границата помеѓу митот и реалноста. Гласини, теории, шепотења и фрагментарни сведоштва сочинуваа темен мозаик, но внатрешноста никогаш не беше осветлена. Сè до денес, објавува Прототема. Во новата

Домашно реми на Валенсија против Мајорка

Тимот на Валенсија, за кој денеска Столе Димитриевски не беше ниту на клупата за резерви предмалку пред своите гледачи во рамките од новото коло од шпанската Примера одигра нерешено 1:1. Домаќинот имаше

Андоновски: Првпат ќе промовираме владин центар за одговор на сајбер инциденти

Владин центар за одговор на сајбер инциденти ќе биде промовира во првата половина од наредната година, најави вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. -За многу скоро. Веќе завршуваме со дел од

ФФМ: Пласманот на Шкендија е голем успех за македонскиот клупски фудбал

Фудбалската федерација на Македонија и нејзиниот претседател Масар Омерaгиќ упатија честитки до фудбалскиот клуб Шкендија за изборениот пласман во елиминациската фаза од УЕФА Лигата на конференции. Од ФФМ оценуваат дека остварениот успех
Go toTop