Билансот на загинати во руските воздушни напади врз Киев се искачи на 28

January 1, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Бројот на загинати во главниот град на Украина, Киев, од петочните руски воздушни напади насочени кон повеќе региони во земјата се искачи на 28, објавија денес украинските власти, пренесува Анадолу.

„За жал, телата на загинатите во ракетните напади сè уште се бараат. Спасувачите извлекоа уште едно тело од под урнатините“, објави на Телеграм Серхиј Попко, челникот на градската воена управа на Киев.

Во претходното соопштение, Попко истакна дека бројот на загинати се искачил на 27, откако под урнатините беа извлечени уште четири тела.

Нагласувајќи дека операциите за пребарување и спасување во главниот град сѐ уште се во тек, Попко рече дека во воздушните напади повредени се 30 лица.

Од друга страна, Украинската државна служба за вонредни состојби соопшти дека во текот на изминатиот ден пронашла тела на осум лица во киевскиот кварт Шевченкивски.

Најмалку 40 лица загинаа во различни региони на Украина по големите воздушни напади на руските сили во петокот, кои украинскиот претседател Владимир Зеленски ги опиша како најтешките напади досега од Москва.

По нападите, градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека 1 јануари во главниот град ќе биде прогласен ден на жалост.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Маричиќ со владина делегација положи цвеќе на вечното почивалиште на Киро Глигоров

Следно

Ноќва 20-годишник прободен со нож

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,
Go toTop