Билансот на загинати во континуираните израелски напади врз Газа се искачи на 35.272

May 16, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Најмалку 35.272 Палестинци се загинати во израелските напади врз Појасот Газа од октомври минатата година, соопшти денес Министерството за здравство во енклавата, јавува Анадолу.

Најмалку 79.205 лица се повредени во нападите, се истакнува од Министерството и се додава:

„Најмалку 39 лица се убиени, а 64 повредени во четири израелски ‘масакри’ врз семејства во Газа во последните 24 часа.“

Министерството нагласи дека многу од жртвите сè уште се наоѓаат под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да дојдат до нив.

Израел започна брутална воена офанзива врз Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилните населби, училишта, верски објекти и болници по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври.

Повеќе од седум месеци од почетокот на израелската војна огромни делови од Газа се во урнатини, а постои и блокада на храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП). Во привремената пресуда во јануари се вели оти е „веродостојно“ дека Тел Авив врши геноцид во Газа, наредувајќи му да ги запре таквите акти и да преземе мерки за да гарантира дека хуманитарната помош ќе стигне до цивилите во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Четворица кандидати за пратеници во битка за две пратенички фотелји

Следно

Во Словачка по атентатот на премиерот, повици за прекин на говорот на омраза

Latest from Blog

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032

Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата  Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзина имплементација. -Стратегијата во изминатите неколку месеци е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни
Go toTop