БиХ: Зголемени безбедносни мерки по пукањето во Сански Мост

August 21, 2024
1 min read

САРАЕВО (АА) – Силни полициски сили се наоѓаат во Сански Мост, каде што се зголемени безбедносните мерки поради полициската истрага на тројното убиство во средношколскиот центар, известува Анадолу.

Министерството за внатрешни работи на Унско-санскиот кантон претходно потврди дека во престрелката што се случила во средношколскиот центар во Сански Мост убиени се три лица, а едно лице е повредено.

„Инцидентот се случил во 10:15 часот. Возрасен маж со огнено оружје, автоматска пушка, уби тројца вработени во гимназијата ‘Сански мост’ и се обидел да се самоубие“, изјави Аднан Бегановиќ, портпарол на МВР на Унско-санскиот кантон.

Тој додаде дека мажот се здобил со тешки телесни повреди и со брза помош на Здравствениот дом „Сански мост“ бил однесен во Ургентниот центар во Бања Лука.

„Повредите се опасни по живот, полицијата е на самото место, врши истрага прибирајќи информации за утврдување на фактите и околностите зошто и како дошло до овој немил настан“, рече Бегановиќ.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: 2.000 вработени во Национални шуми ќе ги добијат своите заостанати плати

Следно

Јубилеј за Стефан Ристовски во дресот на Динамо Загреб

Latest from Blog

НОВИ ДЕТАЛИ за системот „БЕЗБЕДЕН ГРАД“: Како функционира и што може да регистрира?!

Почетокот на примена на системот „Безбеден град“, на патиштата означува нов начин на сообраќајна контрола, којшто се темели на стационарни радарско-видео камери со висока техничка прецизност. Иако во јавноста фокусот беше на
Go toTop