БиХ пред рударска експанзија: „Тера Балканика“ откри злато и критични метали

August 25, 2025
1 min read

Канадската компанија „Тера Балканика Рисорсис“ објави дека во рамки на проектот Виогор–Жаник во Брежани (БиХ) е откриено значително проширување на златното лежиште, при што во третата фаза од дупчењето потврдиле присуство на повеќеметално наоѓалиште.

На длабочина од 72,3 метри е измерена просечна содржина од 0,27 грама злато на тон руда, а во поединечни делови и над еден грам на тон. Освен злато, во новото наоѓалиште се потврдени и антимон и цинк.

Претседателот и извршен директор на „Тера Балканика“, Александар Мишковиќ, истакна дека резултатите покажуваат дека Брежани има потенцијал да стане рударски центар од европско значење.

 

„Ова откритие потврдува дека Босна и Херцеговина располага со минерални ресурси од светска класа. Нашата визија е Брежани да се развие во едно од клучните наоѓалишта во Југоисточна Европа и значително да придонесе за европскиот пазар на критични метали“, изјави тој.

Областа Брежани се наоѓа во близина на рудникот Сасе, кој веќе произведува стотици илјади тони руда годишно, што според компанијата овозможува брза интеграција во постојната рударска инфраструктура.

Успехот на проектот, велат од „Тера Балканика“, може да ја трансформира улогата на Босна и Херцеговина од земја со ограничени резерви во стратешки важен центар за злато и критични суровини во регионот и пошироко, носејќи нови партнерства и долгорочен економски раст.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Буковата шума на Фрушка гора повторно номинирана за списокот на светско наследство

Следно

Вчера 956 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 725 за брзо возење

Latest from Blog

Еспањол ја покори Баскија!

ФОТО: RCD Espanyol de Barcelona/FB Еспањол ја покори Баскија, го освои Билбао. Фудбалерите на Еспањол вечерва победија на гостувањето кај Атлетик Билбао со 2:1, во натпреварот од 17-то коло на шпанската Примера.

Утре се празнува Преподобна Ангелина-заштитничка на семејството, мајките и жените

Преподобна Ангелина била сопруга на светиот деспот Стефан Бранковиќ и мајка на светите Јован и Максим. Таа е позната како пример на христијанска трпеливост, смирение и длабока вера. По смртта на сопругот,

Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години, вели Муцунски за барањето за избор на Влада со „Бадентер“

Али Ахмети уште живее во фолклорот од времето кога првпат има земено учество во владата од 2002 година. Поминати се многу години, повеќе од 20 од времињата во коишто е заглавена неговата
Go toTop