Би поминале ли Том Вејтс и Боб Дилан на Звезде гранда?

January 24, 2024
1 min read

Би било интересно да се пресмета на колкав куп луѓе им било ветено дека ќе станат ѕвезди/идоли на разно-разни шоуа за пејачки таленти ширум светов, а колкав процент од тоа навистина станале ѕвезди/идоли. Хери Стајлс кој тргна од X Factor, евентуално Адам Ламберт (Квин) кој се лансираше преку Американски идол и веројатно – толку.

За да се напредува во такви натпревари потребно е да се пее добро и да се биде допадлив за жирито и екранот, но неуспехот на уникатните гласови на оние што имаат да кажат нешто различно, воопшто не треба да се доживува како неуспех.  Боуви за гласот на Дилан има кажано дека звучи како „песок и лепак“, ама тоа никогаш не беше елемент за дисквалификација.

Туку, за Кoвердејл (Deep Purple, White Snake):

„Не би знаел да ви кажам дали Вејтс и Дилан би поминале на Американски идол бидејќи никогаш немам гледано ниедно такво шоу. Знам дека и Дилан и Вејтс одамна имаат поминато на моите аудиции.“

Ковердејл признава дека ги обожава Дилан и Том Вејтс ама дека некои плочи на вториов не може секогаш да ги пушта по дома бидејќи жена му не ги може.

„Ама, штом таа замине на шопинг, одма го пуштам,“ вели еден од најдобрите вокали на рокот.

Ковердејл обелодени дека неговата оригинална интерпретација на хитот ‘Here I Go Again’ (горе со спотот со онаа фатална Тауни Китаен, бог да ја прости) ја има градено додека манијакално го слушал Том Вејтс на стар грамофон.

Сцена од филмот КОДА (рецензија на Букбокс овде):

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Исчезна скопјанец, кажал дека ќе оди до Албанија и го снемало

Следно

Лазаревски останува во Вардар до 2026 година

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop