Би-би-си: Мистериозната болест на американски дипломати поврзана со руското разузнавање

April 1, 2024
1 min read

Мистериозната болест, наречена Хавана синдром, која ги погодува американските дипломати во светот во последните години, веројатно, е поврзана со руската разузнавачка единица, јавува Би-би-си.

Персоналот стациониран во светот, кој известува за необјаснети симптоми на таканаречениот Хавана синдром, како што се вртоглавица, главоболки, тешкотии со концентрирање и интензивно и болно ѕвонење во ушите, можеби биле цел на руско инфразвучно оружје.

Долго време постои сомнение дека биле нападнати од насочена енергија или микробранови, емитувани од скриени уреди, а новата истрага вели дека оперативците на руската воена разузнавачка единица, позната како 29155, можеби целеле американски дипломати со „насочено енергетско оружје“.

Се вели дека има докази за присуство на припадници на таа единица во градовите во светот токму во времето кога американски персонал известувал за инцидентите.

Официјална Москва негира каква било вмешаност и иако американските власти рекоа дека нема докази за вмешаност на странска сила, нивната минатогодишна процена за ненормални здравствени инциденти, кои не понудија алтернативно објаснување за феноменот, предизвика незадоволство кај погодените.

Овој феномен го добил името по главниот град на Куба, Хавана, каде што е забележан првиот таков случај во 2016 година иако неодамнешните истражувања покажуваат дека првите случаи можеби се случиле во Германија две години порано. До денес се регистрирани над илјада случаи на мистериозната болест, а десетици случаи сè уште официјално се сметаат за необјаснети.

Американскиот Конгрес усвои закон, чија цел е да обезбеди поддршка на жртвите, а лицата со потврдени повреди на мозокот од болеста имаат право на финансиска помош.

Американските официјални лица изјавија за американскиот „Си-би-ес њуз“ дека „ќе продолжат внимателно да ги истражуваат необичните здравствени инциденти“, но го повторија својот претходен став дека „е малку веројатно оти странска сила е одговорна“.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ново ветување за автопатот кон Охрид, овојпат до оваа година…

Следно

Престрелка во Арачиново, пукано кон градоначалникот Ибраими

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop