Безбедносната состојба во С Македонија е стабилна, без индиции за можни нарушувања, вели Ковачевски

September 24, 2023
1 min read

Согласно информациите споделени помеѓу безбедносно разузнавачките служби во земјата, како и информациите добиени од службите на нашите сојузници во НАТО алијансата, не постојат индиции кои укажуваат на нарушување на безбедноста во Северна Македонија, пишува Ковачевски на Фејсбук

По денешните случувања на северот од Косово, каде беше убиен еден косовски полицаец и тројца напаѓачи, премиерот Димитар Ковачевски вели дека нема индиции кои укажуваат на нарушување на безбедноста во Северна Македонија.

„Во однос на безбедносната состојба во државата, граѓаните може да се спокојни – таа е стабилна, без никакви индикации за можни нарушувања. Сите институции задолжени за безбедноста будно ја следат состојбата. Воедно согласно информациите споделени помеѓу безбедносно разузнавачките служби во земјата, како и информациите добиени од службите на нашите сојузници во НАТО алијансата, не постојат индиции кои укажуваат на нарушување на безбедноста во Северна Македонија“,

наведува Ковачевски во објава на Фејсбук.

Тој додава дека ситуацијата во Косово се следи со голема загриженост и додава дека имаат постојана комуникација и координација со нашите сојузници и стратешки партнери.

„Настаните кои се случија денес силно ги осудувам, и изразувам целосна поддршка на КФОР за сите идни активности кои се во насока на гарантирање на мирот и стабилноста во Косово и регионот“,

пишува Ковачевски.

Во објавата Ковачевски апелира за деескалација на настаните во Косово и на продолжување на дијалогот и решавање на сите отворени прашања на мирен и демократски начин.

„Клучно е забрзувањето на евроатлантските интеграции на Западен Балкан, тоа е единствениот начин за обезбедување напредок и стабилност во регионот, како и намалување на влијанието на дестабилизирачки трети страни. Регионот мора да оди напред, граѓаните заслужуваат просперитет, подобра иднина и подобар животен стандард“,

додава Ковачевски.

Денеска на северот од Косово еден косовски полицаец беше убиен, а уште еден ранет од маскирани лица. Потоа косовската полиција објави дека се убиени тројца од напаѓачите кои влегоа во манастирот во селото Бањска и кои оттаму пукаа кон полицијата.

Косовскиот премиер Албин Курти обвини дека полицијата била цел на напад на непознати маскирани лица и ја додаде дека Србија директно е одговорна за овој терористички напад со кој, според него е направен директен напад против косовската држава.

Вечерва, пак, српскиот претседател Александар Вучиќ, во вонредно обраќање, рече дека денешното убиство на косовскиот полицаец е апсолутно за осуда, но дека премиерот Албин Курти е единствениот виновен за она што се случи на Косово.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ковачевски: Сите институции задолжени за безбедноста будно ја следат состојбата по случувањата во Косово

Следно

„ДОМАЌИНСТВО ЗА ПОЧЕТНИЦИ“ Е МОЈА ЕМОТИВНА БИОГРАФИЈА, СЕ РАСПЛАКУВАМ КОГА ЌЕ ПОМИСЛАМ НА СНИМАЊЕТО, РЕЧЕ ГОРАН СТОЛЕВСКИ ПО ПРЕМИЕРАТА НА „МАНАКИ“

Latest from Blog

Мистериозна ЖЕНА БО БЕЛО ШЕТА НИЗ БЕЛГРАД, сведоците и медиумите немаат објаснување!

Во текот на ноќта, жителите на Белград беа сведоци на морничави сцени на жена во бело кои се појавуваа на улиците. Снимките од социјалните медиуми документираа необјаснети сцени кои дополнително ја интригираат

Претседателот на Фенербахче на распит за поседување дрога

ФОТО: Sadettin Saran/FB Претседателот на турскиот гигант Фенербахче, Садетин Саран, е повикан на сослушување како осомничен во истрага за дрога. По давањето исказ пред обвинителите, 61-годишниот Саран е испратен во Одборот за

Свечен прием и концерт по повод 21 Декември – Ден на настава на турски јазик и 20. годишнина од отворањето на Канцеларијата на ТИКА во Скопје

Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) вечерва во Скопје организира свечен прием по повод 21 декември – Ден на настава на турски јазик и 20. годишнина од отворањето на Канцеларијата на
Go toTop