Безбедно возење на мраз: Зошто е важно да ја прилагодите брзината и што да правите ако се лизнете

January 5, 2025
1 min read

Зимските услови на патиштата, особено кога има мраз или снег, претставуваат голем предизвик за возачите. Во такви ситуации, прилагодувањето на возењето и подготвеноста за непредвидливи услови се клучни за одржување на безбедноста на патот.

Одржувајте безбедно растојание Еден од најважните аспекти на возењето во зимски услови е одржувањето на соодветно растојание од другите возила. Ова растојание треба да биде најмалку десет пати поголемо од вообичаеното, за да имате доволно време да реагирате и да запрете безбедно.

Избегнувајте ненадејно сопирање Наглите сопирања на мраз и снег можат да доведат до губење на контрола над возилото, бидејќи гумите имаат помал контакт со лизгавата површина. Затоа, треба да избегнувате брзо намалување на брзината.

Како да реагирате ако се лизнете Ако возилото почне да се лизга, најважно е да не ги тргате рацете од воланот. Ако се лизнете во една насока, свртете го воланот во таа насока, а кога возилото ќе се стабилизира, враќате го воланот во првобитната позиција. Ако возилото оди пребрзо, исправката може да биде потешка, затоа прилагодувањето на брзината е есенцијално.

Не паничете Едно од најважните правила е да не паничите. Паниката или наглото сопирање може да ја влоши ситуацијата. Наместо тоа, со нежно управување на возилото и контролирање на брзините, можете да спречите дополнително лизгање.

Следењето на овие основни совети и прилагодувањето на возењето според патните услови може да го намали ризикот од несреќи на замрзнатите и снежни патишта. Безбедноста на патот започнува со смиреност и внимателност на возачите.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Утрово најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

Следно

Тешко повреден пешак на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Latest from Blog

Стуб до Трамп: Се формира „поевропско НАТО“ во кое Европа презема одговорност

Разговорот се одржал истиот ден кога Трамп за Ројтерс изјави дека размислува за повлекување на САД од НАТО. Стуб, на социјалните мрежи, го опиша разговорот како конструктивен. – Конструктивна дискусија и размена

Следува промена на времето со врнежи од дожд и снег

Промена на времето со врнежи од дожд и снег на повисоките места најавуваат метеоролозите поради засилена циклонска активност. Според прогнозата на Управа за хидрометеоролошки работи, врнежите локално ќе бидат пообилни и на места

Филипче со писма до ЕУ за политиките на Мицкоски

Се продлабочува судирот меѓу власта и опозицијата околу евроинтеграцијата на Македонија, во услови на повеќемесечен застој на процесот за приближување кон Европската Унија. Власта и опозицијата меѓусебно се обвинуваат за предавство на
Go toTop