Без вина поминал 38 години во затвор: Ме претепуваа во ќелијата, не смеев да пријавам (ВИДЕО)

November 19, 2025
1 min read

Во своето прво интервју за Би-Би-Си по неговото ослободување, тој рече дека верува оти бил „наместен“ во 1986 година за убиството на Дајан Синдал, цвеќарка од Биркенхед, која беше брутално нападната и убиена.

„Изгубив сè…“

Саливан беше ослободен во мај оваа година откако новите ДНК тестови ја отфрлија неговата поврзаност со злосторството.

Тој сега бара извинување од полицијата, која изрази „жалење за сериозниот неуспех на правдата“.

„Не можам да им простам. Изгубив сè и ќе го носам тој товар додека не добијам извинување“, рече Саливан.

Во своите болни затворски мемоари, тој вели дека не му било дозволено да присуствува на погребот на неговата мајка во 2013 година бидејќи таа била погребана на истите гробишта како и жртвата.

„Ме тепаа во ќелијата“

Тој беше уапсен во септември 1986 година, откако програма на Би-Би-Си предизвика извештаи од сведоци кои тврдеа дека го виделе во близина на местото на злосторството.

За време на првите седум полициски испрашувања, тој немал адвокат и, вели тој, бил заплашен и „ментално скршен“.

Саливан тврди дека бил претепан двапати во својата ќелија од страна на полицајци, му се заканувале со понатамошни кривични обвиненија и бил лишен од храна и сон.

Документите на Апелациониот суд потврдуваат дека првото наводно признание не било евидентирано и дека немало присутен адвокат.

Тој упорно негирал вина

Поротата го прогласи за виновен на 5 ноември 1987 година, претворајќи го од „ситен крадец“, како што вели тој, во осуден убиец.

Откако постојано ја негираше својата вина, тој се соочи и со потешки затворски услови, вклучително и насилство од други затвореници.

„Не можев да ги пријавам тепањата затоа што тогаш стануваш кодош и тоа ги влошува работите“, рече тој.

Пресвртницата се случила во 2023 година, кога Комисијата за преглед на кривични случаи нареди ново ДНК тестирање.

Обвинителството се откажа од оспорувањето на резултатите, отворајќи го патот за негово ослободување.

Чека одлука за надомест

Кога му беше кажано пред камера во мај 2025 година дека неговата пресуда е поништена, Саливан рече дека „се расплакал“.

Тој изрази сочувство до семејството на жртвата, велејќи дека се „вратени на почеток“ бидејќи истрагата за убиството е повторно отворена, без нови апсења.

Саливан сè уште чека одлука за надомест, кој е ограничен на 1,3 милиони фунти.

Неговата адвокатка, Сара Мајат, рече дека „нема износ што би можел да компензира за 38 години изгубен живот“.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УШТЕ ЕДНА СМРТ ОД ЧУДНО ТРУЕЊЕ ВО ИСТАНБУЛ, и студентка од Хамбург починала од ова

Следно

Нови детали во случајот со распарченото тело на тинејџерка во автомобил на рапер- дури сега е обвинет

Latest from Blog

Министерството за финансии започнува процес за поврат на средствата од солидарниот данок

Државата во текот на следниот месец треба да го исплати првиот дел од солидарниот данок што компаните во 2023 година го уплатија во согласност со Законот за данокот на солидарност. Од Министерството

Тоневски: Пробиштип продолжува со еко-акции

Денеска во село Петршино се спроведе акција за чистење на дивите депонии, како дел од пошироката еко-иницијатива на Општина Пробиштип. Следната локација за чистење ќе биде село Турско Рудари, а потоа акциите

Велика Британија воведува санкции против „Транснефт“

Санкциите се објавени на четвртата годишнина од почетокот на војната. Британската влада соопшти дека „Транснефт“ е еден од најголемите оператори на цевководи во светот и транспортира повеќе од 80 проценти од извозот
Go toTop