Без судска одлука, Груби не можел да биде приведен при преминување на границата, смета професорот Калаџиев

December 19, 2024
1 min read

Енигмата како Артан Груби заминал од Македонија стана и политичко и правно прашање.

И власта и опозицијата бараат од Министерството за внатрешни работи  да даде јасен одговор како е можно поранешниот вицепремиер Артан Груби да ја напушти Македонија и да замине во Косово.

По тој повод, се огласи професорот Гордан Калајџиев, кој вели дека не било возможно Груби да биде уапсен на границата со Косово. 

„Груби не можел да биде приведен при преминување на границата без судска одлука. Полициските мерки како “стоп листа” или распис се во спротивност со Уставот и ЗКП!“

Во јавноста се повеќе се изразува незадоволството кај граѓаните зошто тој не бил уапсен на граница со Косово кога ја напуштал државата.

Вчера, МВР соопшти дека се преземени дисциплински мерки за двајца полициски службеници од граничниот премин „Долно Блаце“ во врска со преминувањето на Артан Груби на државната граница. Едниот, полицискиот службеник Б.Ј., според МВР, со своето несовесно работење не извршил адекватни проверки на патничкото возило „мерцедес“ со кое се превезувал Груби и не го евидентирал за остварување излез од државата. Патниците од предметното возило, А.П. со дипломатска патна исправа како возач и А.Г. со македонска патна исправа како совозач, полицискиот службеник Б.Ј. ги завел дека пешки ја поминале границата.

Вториот полицискиот службеник кој добил дисциплинска мерка, е раководителот на смена Б.А.

Како што информира МВР, Б.Ј. е воедно суспендиран до завршување на дисциплинската постапка.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Собранието ќе заседаваат три комисии

Следно

На денешен ден е роден Блаже Конески: Вака пишуваше за Македонија

Latest from Blog

Божиновска: Зелената транзиција клучна за иднината на енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со делегација на Светска банка, предводена од Xiaoqing Yu, на која беа разгледани клучните енергетски проекти во државата. Како што

Коњановски: Битола вложува во младите и нивната благосостојба

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, се обрати на завршниот настан од проектот „Младите и менталното здравје“, во кој општината беше партнер, а кој се реализираше во соработка со битолските средни училишта

Трамп нареди итна исплата на 50.000 вработени во обезбедувањето на американските аеродроми

Трамп соопшти дека му наложил на Министерството за татковинска безбедност (ДХС) „веднаш да ги исплати агентите на Управата за безбедност во транспортот (ТСА)“ со цел да се реши вонредната состојба и, како

Савески: Ќе се постапува по секој предмет за кој има законски основ

Новоизбраниот државен јавен обвинител Ненад Савески вели дека никогаш нема да коментира ничија изјава, нагласувајќи дека првото нешто што го направил откако е на функцијата е средба со јавните обвинители во Државното
Go toTop