Без судење и без одбрана: Утре ќе биде погубен 26-годишниот Ерфан Солтани – протестите во Иран добиваат смртен епилог!

January 13, 2026
2 mins read

Иранската јавност повторно е во фокусот на меѓународната заедница по информациите дека властите во Техеран се подготвуваат да извршат смртна казна врз 26-годишниот Ерфан Солтани – наводно првата екзекуција поврзана со масовните антивладини протести што ја зафатија земјата во изминатите месеци. Според организации за човекови права, случајот се одвива експресно и без можност за правна одбрана.

Апсењето и обвиненијата


Солтани бил приведен минатата недела во Караџ, за време на демонстрациите против властите. На организациите за човекови права им било пренесено дека тој е обвинет за „водење војна против бог“, кривично дело кое во Иран носи смртна казна. Индискиот медиум НДТВ објави дека екзекуцијата би можела да се изврши утре, без спроведено судење.

Невладина организација „Иран Хјуман Рајтс“, повикувајќи се на свои извори, соопшти дека семејството веќе било информирано за пресудата и за терминoт на планираното погубување, закажано за 14 јануари. Друга организација, Националната унија за демократија во Иран, тврди дека Солтани немал пристап до адвокат и дека неговиот случај е пример за „грубо прекршување на основните човекови права“.


Засега нема независна потврда за најавената екзекуција, а меѓународните организации укажуваат дека ограничувањата на интернет и комуникациите во Иран го прават речиси невозможен увидот во состојбата на терен.

Стотици жртви и илјадници уапсени


„Иран Хјуман Рајтс“ предупредува дека потврдените бројки за загинати демонстранти достигнуваат 648, меѓу кои и девет малолетници, а вистинската бројка може да биде значително поголема. Според организацијата, во текот на протестите биле уапсени околу 10.000 лица, при што дел од нив се водат како исчезнати. Организацијата укажува дека сцените потсетуваат на репресијата од 1980-тите, која меѓународните институции ја оцениле како злосторство против човештвото.

„Меѓународната заедница има обврска да ги заштити цивилните демонстранти од масовни убиства“, изјави директорот на организацијата, Махмуд Амири-Могадам.

Одговорот на иранските власти

Паралелно, иранските државни институции организираа масовни провладини собири низ земјата. Врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи ги оцени собирите како доказ дека протестното движење слабее и дека „плановите на странските непријатели“ биле осуетени. Во Техеран, претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф изјави дека земјата води „војна на четири фронта“ – економска, психолошка, воена и политичка – со САД, Израел и, како што рече, „терористички структури“, алудирајќи на протестите.


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Владата го усвои предлогот на Комисијата за номинирање кандидати за судија во ЕСЧП

Следно

Официјално: Кансело до крајот на сезоната во дресот на Барса! (ВИДЕО)

Latest from Blog

Фокус на извозот: Средба на министерот Муцунски со раководството на Сојузот на стопанските комори на Македонија

Во рамки на серијата работни средби насочени кон унапредување на економската дипломатија и поддршката на извозот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работен состанок со раководството на

Година на конкретни резултати: ВЛЕН ја зацврстува коалицијата

Со нова енергија и целосна решителност за водење на реформските процеси, првиот заменик-премиер Беким Сали и заменик-премиерот Арбен Фетаи ја предводеа координациската средба со претставниците на извршната власт од редовите на коалицијата

ВУЧИЌ НЕ САКА НИ ДА ГИ ПРИМИ НИ ДА ГИ ВИДИ ЕВРОПСКИТЕ ПАРЛАМЕНТАРЦИ: “Никој не ги поканил тука“

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека најавената посета на делегацијата на Европскиот парламент во Белград не е договорена со српските институции и дека тој нема да се сретне со нив. Вучиќ, кој

Владата го усвои предлогот на Комисијата за номинирање кандидати за судија во ЕСЧП

Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд за човекови права, информираат од прес службата на владата. Во таа насока,
Go toTop