Без одговорност нема мир: Родителите во Кочани и денес бараат одговори за „Пулс“

June 7, 2025
1 min read

Денес (07 јуни), со почеток во 16:05 часот, во Кочани повторно ќе се одржи собирот „Марш за ангелите“, посветен на жртвите од трагичниот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“. Настанот претставува продолжение на јавниот повик за одговорност, правда и сеќавање на 62-та млади луѓе кои го загубија животот, како и речиси 200-те повредени во една од најголемите цивилни трагедии во поновата историја на Македонија.

Маршот ќе започне од Паркот на револуцијата, од каде граѓани, роднини, пријатели и поддржувачи ќе се движат преку трговскиот центар, покрај зградата на Општината и полициската станица – до зградата на судот и Јавното обвинителство во Кочани. И овој пат, како и претходно, учесниците симболично ќе маршираат во тишина, со фотографии, свеќи и транспаренти, барајќи одговори и соочување со одговорноста која, според семејствата – изостанува.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ избувна на ноќта на 16 март, при што огнот брзо се прошири поради небезбедната внатрешна структура и недостатокот на основни безбедносни мерки – како излез за итни случаи, систем за гасење, контрола на бројот на присутни, аларм за евакуација. Според родителите, истрагата сè уште не резултирала со целосно расчистување на прашањето кој е одговорен, ниту со кривични постапки против одговорните лица кои тие сметаат дека се виновни, што ја продлабочува недовербата на јавноста кон институциите.

Многу од преживеаните и денес живеат со тешки последици – физички, но и психолошки. Семејствата на настраданите се решени да не дозволат трагедијата да биде заборавена. Тие инсистираат дека само преку вистината и соочување со одговорноста, може да се избегнат идни катастрофи од сличен тип.

„Маршот за ангелите“ е не само симболично сеќавање, туку и директен повик кон државните институции – правосудството, локалната власт и Владата – да ја исполнат својата морална и правна должност.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмалку 17 Палестинци се убиени во израелските напади врз Газа вториот ден од Курбан Бајрам

Следно

Физички напад во Пепелиште – побегнал кај родителите, но напаѓачите го следеле!

Latest from Blog

Стабилизирани цените на горивата: Владата спречи ценовен шок и ги заштити граѓаните и економијата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната
Go toTop