Без лавабоа и со скршени тоалети – реновираното училиште во Струга нема основни услови за хигиена

March 24, 2024
1 min read

Децата ни учат во несоодветни хигиенски услови, реагираат родителите на учениците од Основното училиште Браќа Миладиновци во Струга. Советот на родители со допис пред два дена се обратил до раководството на училиштето, со кој бара итно решавање на пробелмот во однос на хигиената, парното греење, како и обезбедување на услови за работа според новиот образовен концепт. Рокот за решение е седум дена.

„Добиваме од децата реакции дека немаат каде да си ги измијаат рацете, немаат каде да уринираат. Влеговме заедно и видовме дека казанчињата се скршени, дека чешмите не се функционални, дека не сите деца можат да одржуваат лична хигиена. Голем дел од родителите кажаа дека и во повисоките ооделение се случува истото.Се урнира во лабавоата, цевките се искршени. Како одговор на нашите прашања добивме дека изведувачите не си ја завршиле работата.Училиштето е пуштено во употреба со големи технички пропусти“, рече Благовеста Поп-Стефанија -Совет на родители.

„Хигиена нема во тоалетите, по училници не сум била, но ова сум го слушала од децата кои кажуваат дека доаѓаат дома велејќи бабо отвори го побрзо тоалетот бидејќи доаѓам од училиште, а во тоалетите во училиште не се влегува. Жал ми е што изјавувам вака но сакам да се зачува хигиената на децата бидејќи болестите од таму почнуваат“, рече еден родител.

„ Доста родители се жалат дека нивните деца фатиле стрептокока.Има некои случаи сериозни.Стрептококата се проширила на колковите децата лежат и во болница.Најверојатно поради нехигиена“, нагласи Благоветна Поп-Стефанија- Совет на родители.

Се жалат и дека парното греење работело со прекини и оти во училниците во новиот дел во кој учат помалите класови, радиатори и по неколку часа на ден, биле ладни.

Родителите најавуваат дека доколку нема позитивен одговор од раководството на училиштето,следен чекор е да ги известат просветниот и санитарниот инспекторат.Ќе бараат од нив да влезат во училиштето, да ја утврдат фактичката состојба и да направат записник за тоа.

Директорката на училиштето Албана Жута не сакаше да зборува пред камера. Но ги негира обвинувањата на родителите, вели дека се неосновани. Рече дека хигиенските услови биле на највисоко ниво и оти парното работело без никаков проблем./Алсат.мк

Мики Трајковски

 

 

 

 

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мбапе: Во ПСЖ повеќе не зборуваме за мојата иднина

Следно

Ден на жалоста во Русија и зголемен број на безбедносни сили пред судот во Москва

Latest from Blog

Коњановски најавува изградба на 6 нови паркинзи во Битола

Општина Битола започнува изградба на шест нови паркинг простори за подобрување на сообраќајната инфраструктура и олеснување на паркирањето за граѓаните. Новите паркинзи ќе бидат изградени кај „Овчи Пазар“, кај „Ат пазар“, во

Проданоски најави инвестиции од 12 милиони евра за развој на Прилеп

„Општината е финансиски стабилна и со поддршка од централната власт влегуваме во нов циклус на капитални инвестиции вреден околу 12 милиони евра“, порача градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, во гостувањето во утринската

Светските лидери изразуваат сочувство по смртоносната пукотница во Канада, напаѓачот бил трансродово лице

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција „стои со канадскиот народ“. „Терор го погоди училиштето во Тамблер Риџ, Канада. Нашите мисли се со семејствата на жртвите, повредените и целата образовна заедница“, рече

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на рокот за легализација на бесправно изградени објекти до 2031 година

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата минатата недела поднесе Предлог-закон за изменување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти по скратена постапка, со кој се предлага продолжување на рокот на важност
Go toTop