Бесплатно тестирање за ХИВ и сексуално преносливи инфекции

May 27, 2025
1 min read

Од денеска до 30 мај во рамки на Европската пролетна недела на ХИВ тестирање, во организација на Асоцијација за здравствена едукација – ХЕРА, ќе се одржи бесплатно тестирање за ХИВ и сексуално преносливи инфекции (СПИ). Тестирањето ќе се врши секој ден од 15.00 до 18.00 часот, во Младинскиот центар „Сакам да знам“ на Водно.

ХИВ денес е контролирана здравствена состојба со достапната и ефективна терапија, важна е само навремената дијагноза. Доцната дијагноза е тивок ризик, нешто што може да се избегне со само еден мал чекор. Раното тестирање значи навремена и ефективна терапија, квалитетен и долг живот и нула ризик за пренос на ХИВ (кога луѓето со ХИВ се на терапија и вирусот е недетектибилен, тогаш ХИВ не се пренесува преку сексуален пат).

Дополнително, граѓаните може да се тестираат и за сифилис, гонореја и кламидија, со резултати готови за најмногу 30 минути. Тестирањето е анонимно, бесплатно и доверливо и се спроведува од обучени медицински лица и советувачи.

Граѓаните можат да закажат термин со јавување во Младинскиот Центар „Сакам да знам“ на Водно на телефонскиот број 02/3176 – 950, преку оналјн закажување или со посета на Младински центар „Сакам да знам“ на Водно на ул. Елисие Поповски Марко бр.2.

Тестирањето се одвива во пријателска и безбедна средина, каде освен здравствени услуги, граѓаните може да добијат и индивидуално советување за сексуално и репродуктивно здравје. Првиот чекор кон грижата за сопственото здравје започнува со информираност и навремено тестирање, посочуваат од ХЕРА. 

Услугите се реализираат преку Програмата за заштита на населението од ХИВ инфекцијата, поддржана од Министерството за здравство.

Европската недела на ХИВ тестирање е Европска иницијатива со цел зголемување на пристапот до тестирање за ХИВ и СПИ и подигнување на свеста за важноста на раната дијагноза, особено кај лицата кои се изложени на зголемен ризик.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Арон Палмарсон заминува во пензија

Следно

Сончево и потопло со мала до умерена облачност

Latest from Blog

ХАЛАНДМИНАТОР…(ВИДЕО)

ФОТО:facebook.com/fifaworldcup Бразил – Норвешка 1:2 во меч од 1/8 финалето и за пласман на европската селекција во 1/4 финалето каде ќе се сретне со подобриот од дуелот Мексико – Англија. Фантастична партија

Охрид деновиве живее во полн туристички ритам

Раздвижени улици, полни тераси и плажи – Охрид деновиве живее во полн туристички ритам. Во екот на летната сезона, кога градот е преплавен со гости од земјава и странство, повторно се актуализира

Роналдо потврди: Ова ми е последен Мундијал!

ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/ Светското првенство во 2026 година ќе биде последното за Кристијано Роналдо. Капитенот на Португалија потврди дека ова СП навистина ќе биде негово последно. Пред осминафиналниот натпревар со Шпанија, закажан за понеделник,

Руски воени бродови пристигнаа во Кина; Наскоро треба да започнат заеднички вежби

Веста беше објавена во недела од страна на кинеското Министерство за одбрана и руските државни медиуми, објави Ројтерс. Во соопштението се наведува дека вежбите се одржуваат секоја година „со цел заедничко справување

Голем пожар во Кисела Вода

Голем пожар избувна попладнево во објект на Јужен булевар во скопската населба Кисела Вода, а густ црн чад се гледа од повеќе делови на главниот град. Директорот на Дирекцијата за заштита и
Go toTop