Белорусија: Преземени се адекватни мерки за воените активности во Полска и Балтикот

August 10, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Белорусија денес соопшти дека се преземени „адекватни мерки за одговор“ против неодамнешните воени активности во Полска и балтичките земји, објави државната новинска агенција Белта, пренесува Анадолу.

„Со сигурност можам да кажам дека сите наши прогнози за активностите на НАТО-блокот и неговите поединечни членки се целосно потврдени. Се разбира, ние не седиме со скрстени раце, туку преземаме адекватни мерки за одговор“, изјави Александар Волфович, државен секретар на Белорускиот совет за безбедност.

Тензиите меѓу Белорусија, рускиот сојузник, и Полска се зголемија во последните денови, особено поради присуството на паравоената група „Вагнер“, која најде засолниште во источноевропската земја по нејзиниот краткотраен бунт против Москва во јуни.

Полската Влада вчера соопшти дека планира да распореди дополнителни 2.000 војници на границата со Белорусија и ги обвини белоруските власти за организирање илегална миграција.

Соседите на Белорусија се обидуваат да ја ескалираат ситуацијата во регионот на „секој можен начин“, изјави Волфович, тврдејќи дека се засилуваат мерките за милитаризација на Полска и балтичките земји.

Тој нагласи дека „во овие услови“ тие детално го проучуваат искуството од спроведувањето на „специјалната воена операција“ во Украина.

„Работиме на тактиките на водење модерна борба заедно со инструкторите на ПВК Вагнер [приватна воена компанија]. И ние не го криеме тоа. Сето тоа се прави исклучиво за одбранбени цели. Истото тоа се однесува и на распоредувањето на руското тактичко нуклеарно оружје во Белорусија“, додаде тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПОЧИНА АКТЕРКАТА КАТИНА ИВАНОВА

Следно

Приведен дилер на дрога за издржување казна затвор од четири години

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop