Белгија ја поддржува суспензијата на Израел од европската програма за истражување „Хоризонт Европа“

August 5, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Белгија ќе гласа во корист на предлогот на Европската комисија за делумна суспензија на учеството на Израел во програмата за истражување и иновации „Хоризонт Европа“, објави денес белгискиот премиер Максим Прево, јавува Анадолу.

„По моја иницијатива, Белгија денес одлучи да го поддржи предлогот на Европската комисија за делумна суспензија на учеството на Израел во програмата ‘Хоризонт Европа’“, напиша Прево на Х.

„Доколку мнозинството земји го поддржат овој предлог, тоа ќе претставува „прва конкретна“ санкција на Европската Унија кон израелската Влада и нејзините економски интереси“, нагласи тој.

„Продолжуваме да ја повикуваме Комисијата брзо да достави други конкретни предлози за мерки во врска со Спогодбата за асоцијација, особено затоа што првичните обврски преземени за олеснување на испораката на хуманитарна помош се чини дека не се почитувани“, нагласи Прево.

Тој потенцираше дека пуштањето на помош од воздух е „само привремено решение“ и повика на целосен и непречен пристап на хуманитарната помош во Појасот Газа.

Во писмено соопштение од белгиското Министерство за надворешни работи се појаснува дека предложената мерка ќе се однесува исклучиво на учеството на израелски субјекти во рамки на Европскиот совет за иновации – Акцелератор, програма која поддржува стартапи што развиваат напредни технологии и иновации.

„Доколку се усвои на ниво на ЕУ, Израел би го изгубил идниот пристап до речиси 400 милиони евра (462 милиони долари) грантови и инвестициска поддршка што сè уште се достапни во рамките на оваа програма“, се наведува во соопштението.

Во документот се додава дека предлогот моментално е во фаза на разгледување од земјите членки на ЕУ во рамки на Советот на ЕУ.

„Штом данското претседателство со Советот оцени дека постои квалификувано мнозинство, предлогот ќе биде ставен на дневен ред на состанокот на Комитетот на постојани претставници (Coreper II) на 13 август, по што ќе биде формално усвоен преку писмена постапка. Мерката ќе стапи на сила 30 календарски денови по нејзиното известување до Советот за асоцијација“, се вели во соопштението.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сакаа популарност, но завршија во полиција: Автомобил без таблици низ скопските улици за „Тикток“ тренд

Следно

При тепачка во судскиот оддел во психијатриската болница во Скопје со стаклено шише убиен еден осуденик

Latest from Blog

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си

Тој ќе го замени Тим Дејви, кој ја објави својата оставка по контроверзноста околу програмата Панорама и говорот на американскиот претседател Доналд Трамп. 57-годишниот Бритин, кој ги водеше операциите на Гугл за

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си

Тој ќе го замени Тим Дејви, кој ја објави својата оставка по контроверзноста околу програмата Панорама и говорот на американскиот претседател Доналд Трамп. 57-годишниот Бритин, кој ги водеше операциите на Гугл за

СДС е „кукла на конци“ под диктат на Заев, со пропадната ПР стратегија од Башановиќ и Шчекиќ, Филипче е без кредибилитет и ја води партијата кон исчезнување

СДС како партија е „кукла на конци“, која се движи според агенда поставена од други, наместо од сопственото членство или јавностa, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на претседателот на СДСМ Венко Филипче.
Go toTop