Белата куќа: САД не планираат да испраќаат копнени трупи во Израел

October 10, 2023
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Соединетите Американски Држави (САД) немаат намера да испраќаат копнени трупи во Израел за време на војната со палестинската група Хамас, соопшти Белата куќа, пренесува Анадолу.

„Немаме намера да испраќаме наши војници на терен“, рече портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, додавајќи дека САД ќе ги штитат и бранат своите национални безбедносни интереси, каде и да се тие интереси, особено во тој дел од светот.

Кирби рече дека првата транша од безбедносната помош за Израел е „веќе на пат“.

„Ќе имаме повеќе да објавиме за помошта во наредните денови за да се осигуриме дека ниту еден непријател на Израел не верува дека може или треба да се обиде да ја искористи сегашната ситуација“, додаде тој.

На прашањето за можноста за вмешаност на Иран во нападите на Хамас, Кирби рече дека постои „степен на соучесништво“ бидејќи Техеран многу години ја поддржувал групата.

Тој, сепак, додаде дека САД не воочиле „цврсти, опипливи докази дека Иран бил директно вклучен во планирањето, учеството или обезбедувањето ресурси за сложените напади кои Хамас ги изврши за време на викендот“.

Истакна дека САД ќе продолжат да ја следат ситуацијата и напомена дека израелските власти тврдат дека допрва треба да го пронајдат „пиштолот што чади“.

Кирби рече дека не може да го потврдат извештајот на Вол Стрит Журнал објавен во неделата, во кој се тврди дека иранските безбедносни службеници помогнале во планирањето на нападот на Хамас врз Израел.

Во врска со нормализацијата меѓу Израел и Саудиска Арабија, тој рече:

„Сè уште веруваме дека нормализацијата меѓу Израел и Саудиска Арабија е добра за народите на тие две земји, како и за американскиот народ и за сите останати во регионот.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дали Хуавеи го скри Хамас од Израел?

Следно

Спасовски и Сали на седницата на Анкетната комисија за случајот со онкологија

Latest from Blog

Проданоски: Соработката меѓу општините е двигател на развојот

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП

Божиновска: Стартува голем инвестициски циклус за енергетска обнова на јавните згради

Денес се одржа онлајн координативен состанок со сите релевантни чинители во процесот на енергетска трансформација, на кој учествуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, при што беше означен

Комерцијална банка најликвидна, а ЗОИЛ Македонија со доминантен блок – МБИ10 со пад од 0,15%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 30 март 2026 година, индексот МБИ10 се намали за 0,15% и заврши на 9.918,01
Go toTop