Бела куќа: Русија ги погуби војниците кои одбија да ги послушаат наредбите во Украина

October 27, 2023
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Белата куќа тврди дека Русија ги егзекутирала своите војници што не ги послушале наредбите во Украина и дека командантите се заканувале дека ќе ги убијат војниците што сакале да се повлечат од првата линија на фронтот, јавува Анадолу.

Координаторот за стратегиски комуникации на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, рече дека руските трупи во Украина се „необучени и недоволно опремени, неподготвени за војна“, што предизвикува „низок морал и отпор кон извршувањето на наредбите“.

Истакнувајќи дека Русија „праќа слабо обучени војници директно во битка, без соодветна опрема, лидерство, ресурси и поддршка“, Кирби рече: „Со оглед на сите овие услови, не е чудно што моралот на руските сили е низок.“

Тврдејќи дека Русија ги „егзекутирала“ своите војници што не ги послушале наредбите во Украина и дека руските команданти се заканувале дека ќе ги убијат сите војници што сакаат да се повлечат од фронтот во Украина, Кирби изјави дека „егзекуцијата на војници што не сакаат да ги почитуваат наредбите е ситуација за осуда“.

„Заканата од егзекуција на цели единици е варварска“, нагласи Кирби.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЦУК: Изгаснати три пожари на отворен простор

Следно

Бузалковски со бронзен медал на европскиот ФИМ Европа СТК1000 шампионат

Latest from Blog

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна
Go toTop