Бела куќа: Бајден нема намера да ја посети Украина по патувањето во Полска

February 20, 2023
1 min read

Американскиот претседател Џо Бајден оваа недела ќе ја посети Полска, но според претставник на Белата куќа, тој нема да ја посети Украина во пресрет на годишнината од почетокот на руската инвазија, јави ДПА. Бајден ќе изрази континуирана американска поддршка за Украина додека е во соседна Полска, каде што ќе биде од вторник наутро, изјави синоќа портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби.

„Очигледно, ние одржуваме висок степен на солидарност со украинскиот народ“, рече тој.

„САД го предводат светот во однос на придонесите – без разлика дали се работи за хуманитарна помош или оружје за Украина – и ние ќе продолжиме да ја користиме нашата моќ за свикување состаноци за мобилизирање на светот, за мобилизирање поддршка за Украина. Но, нема планови за претседателот да влезе во Украина за време на ова патување“, додаде Кирби.

Според Белата куќа, Бајден ќе се сретне со полскиот претседател Анджеј Дуда за да разговара за „колективните напори за поддршка на Украина и зајакнување на моќта за одвраќање на НАТО“. Бајден ќе се сретне и со лидерите на источните членки на НАТО и ќе одржи говор за „како ќе продолжиме да го поддржуваме народот на Украина онолку долго колку што е потребно“, соопшти Белата куќа.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

БНТ: Како живеат косовските Бугари?

Следно

Променливо време со сончеви периоди, температурите до 20 степени

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop