Бектеши: Компаниите да го исполнат ветувањето за пониски цени

February 9, 2023
3 mins read

Министерот за економија Крешник Бектеши ги повика компаниите да го одржат ветувањето за намалување на цените на производите. Ако има случаи на кризни профитери, како што најави денеска, ќе побара поддршка од пратениците да се донесе закон за солидарност, а средствата што ќе се соберат ќе се дадат на граѓаните за директна поддршка преку дополнителните антикризни мерки што се креираат.

При посетата на компанијата „Бионика Фармацеутикалс“, Бектеши потсети дека одлуката на Владата е мерката за субвенционирана струја да продолжи до крајот на април до кога е објавена енергетска криза и истакна оти е убеден дека согласно сите калкулации ќе продолжи трендот на намалување на цените на домашните производи.

– Порачувам до компаниите – нашите домашни производители да се насочиме на намалување на цените заради тоа што електричната енергија која се субвенционира е само еден импут во формирањето на нивната ценат. Не можеме да влијаеме на основните прехранбени производи кои директно се увезуваат во нашата држава заради тоа што таму има други политики. За тие што се произведуваат кај нас очекувањата се да продолжи трендот на намалување особено кај тие што се наведени во Одлуката за замрзнување и утврдување на маржите и ние нема да отстапиме од оваа политика, рече Бектеши на новинарско прашање.

Едно од најголемите барања на компаниите, посочи, беше субвенционирање на електрична енергија, како Влада тоа го исполнивме тоа и сега останува на компаниите да го исполнат тоа што го ветиле. Ако не, ако имаме случаи на кризни профитери ќе бараме од страна на пратениците вклучувајќи ја и опозицијата за да им излеземе во пресрет на граѓаните бидејќи тоа се пари на граѓаните и на компаните кои плаќаат даноци, да го поддржат новиот закон за солидарност, каде ќе се наведат и тие мерки. Средствата кои ќе се соберат од тоа законско решение ќе се користат за директна поддршка на граѓаните преку дополнителните антикризни мерки кои ги креираме заедно со претседателот на Владата и неговиот тим и други институции, изјави Бектеши.

Тој ги повтори очекувањата за намалување на цените од 7 до 12-13 отсто за различни производи, како што кажале и претставниците на компаниите и посочи дека за одредени производи веќе има намалување од 10 отсто.

– Да бидам искрен, во одредени производи веќе има намалување од 10 отсто. На пример, лебот има намалување од 10 отсто споредбено со тоа колку беше цената на лебот во септември и октомври. Јогуртот исто, некои одредени месни производи имаат намалување, за жал, некои немаат намалување. Затоа Пазарната инспекција редовно е на терен и очекуваме со усвојувањето на законското решение од страна на Собранието да се направат дополнителни пресметки и тие кои направиле дополнителен профит од тоа што го имале во претходните две-три години ќе плаќаат дополнителни давачки, средства кои ние ќе ги користиме за поддршка на граѓаните, посебно на семејствата кои имаат најголема потреба, рече Бекшети.

И премиерот Димитар Ковачевски уверува дека цените на лебот млекото и на месните производи се намалени од 7 до 12 проценти. Тој нагласи дека барањето на Стопанската комора беше државата да овозможи пониска субвенционирана цена на електрична енергија, за да може да се намали цената на основите прехранбени производи до 10 проценти.

– Не да се намали до нивото пред почетокот на енергетската и економската криза, значи да се намали од тоа ниво за 10 проценти. Нашиот најголем производител на месни и сувомесни производи ги има намалено цените од 7 до 12 проценти зависно од производот бидејќи цената на електрична енергија не е единствениот импут во финалната цена, тука се цените на суровините, работна сила, транспорт, логистички трошоци итн, рече Ковачевски.

Тој оцени и дека е фер и солидарен пристапот со законот за солидарност да се обезбедат финансиски средства што ќе се користат исклучиво за справување со последиците од економската криза и енергетската криза, односно за антикризните мерки.

– Сметам дека ова е фер пристап, сметам дека е солидарен пристап во време кога треба да се покаже солидарност и стопанските комори и компаниите и Владата покажавме дека ако се седне заедно може и да се направат мерки коишто ги бара стопанството и да се намалат цените толку колку што учествува цената на електричната енергија бидејќи ние не можеме да влијаеме на намалување на цената на житото на светските берзи или на цената на металот на светските берзи и врз основа на тоа да се приберат и дополнителни финансиски средства коишто ќе се искористат за најранливите категории на граѓани. Тоа е пристап од првиот ден на кризата и така ќе продолжиме, рече Ковачевски.

Компанијата што ја посетија Ковачевски и Бектеши е корисник на финансиска поддршка од државата.

Како што најави Бектеши, Министерството за економија заедно со Владата работи на ревидирање на Законот за финансиска поддршка на инвестиции. Во финална фаза се преговари со повеќе странски компании и најверојатно со премиерот наредниот месец ќе објават дополнителни нови инвестиции во нашата држава.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ИМА ЗАГИНАТИ: Земјотрес од 5,1 степен по Рихтер во Индонезија

Следно

Владата на Црна Гора потврди дека пописот ќе се одржи од 1 до 15 ноември

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop