„Бековската линија ми заличи на Мојсовски, Жути и Лазаров со Стоилов на линијата од шест!“

January 16, 2025
1 min read

Ракометарите на Македонија одиграа нерешени 27-27 против фаворитот Унгарија на стартот на Светското првенство. Натпреварот во „Арена Вараждин“ понуди огромна борба и останува жал поради одличната игра и предноста која ја испуштивме.

На средбата со новинарите по натпреварот анализа на одиграното даде селекторот Кирил Лазаров. Тој и покрај испуштената победа нагласи дека е задоволен од одиграното против фаворитот.

„Ова беше голем успех за нас, морам да бидам искрен дека не очекував ваков резултат. Унгарците беа одлични на последните големи собири, имаат многу добри играчи, искусни ракометари. Чема Родригез беше еден од најдобрите централни бекови на светот, а и како тренер покажува дека е на високо ниво освојуваќји ја Лигата на Европа со Бенфика. Задоволни сме, знаеме дека за два дена имаме уште потешка задача, да играме против Холандија. Сите знаат дека иако можеби Унгарија е подобар тим, немаме многу време за подготовка за вториот дуел.

Можеме да жалиме, имавме речиси добиен натпревар, иако можеше и да загубиме. Ова е екстра квалитетна репрезентација која само ќе расте на турнирот. Имавме страшна кохезија во одбрамата, исто така за пофалба беше и транзицијата и нападот. Ги потрошивме нашите наши играчи со скратена ротација. Мора да се вратиме во ритам, иако немаме доволно време за одмор. Треба да бидеме уште поборбени во петок. Ние доста трениравме, ова е млада репрезентација и треба да има сили. Потребно е и ментално да бидеме силни. Ќе биде потешко против Холандија, ама имаме рутина и мислам дека момците ќе ги сфатат замислите. Ќе работиме на психолошкиот аспект, но не треба да тагуваме. Мора да се подготвиме за дуел со најбрзата репрезентација, знаеме како поминавме против нив на последното Светско првенство во Полска.

Имаме доста искуство, ниту една победа или пораз нема да не оттргне од тоа како играме. Не сум сигурен дали овие момчиња денес станаа мажи. Задоволни сме од прикажаното, можам да кажам дека на крајот загубивме доста. Имавме тајм-аут и договорено, меѓутоа го плативме цехот на неискуството во завршиот наш напад“, изјави Лазаров.

Меѓу другото, селекторот се осврна и на публиката до која упати благодарност, но исто така и направи интересна компарација за ракометарите кои покажаа сериозна борбеност.

„Атмосферата беше неверојатна. Навивачите беа наш осми играч денес, а очекуваме уште повеќе поддржувачи и в петок. Според претходни искуства, следи викенд и тоа ќе ни даде уште повеќе енергија од трибините.

Сакам да им се заблагодарам на играчите, како и „Фалангата“. Особено благодарност до играчите, да направам една компарација, во еден момент денес бековската тројка заличи на Мојсовски, Миркуловски и Лазаров, заедно со Столе Стоилов на линијата. Против овие корпулентни момци од Унгарија знаеја што сакаат во секој момент“, заврши Лазаров.

Македонија денес има ден одмор, а потоа в петок ќе се судри со Холандија во 18:00 часот. Последниот натпревар во првата фаза го играме в недела против Гвинеја.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

По објавувањето на прекинот на огнот израелската армија ги нападна шаторите на раселените Палестинци во Деир ал Балах

Следно

Новиот француски премиер Бајру ќе се соочи со гласање за недоверба на неговата влада

Latest from Blog

Првата лиценцирана батерија во Македонија – ФЕРОИНВЕСТ го сподели искуството на саемот „Енерго Технома 2025“

На штандот на компанијата на годинешниот саем „Енерго Технома 2025“, посетителите покажаа голем интерес за исплатливоста и придобивките од првата поставена батерија на фотонапонска електрана, во заедничка сопственост на ФЕРОИНВЕСТ и неколку

Бидете внимателни: Греалките можат да бидат причина за пожар, НЕ правете го ова

Според статистичките податоци, греалките се втора најчеста причина за пожари поради неправилно ракување. Бројните предупредувања од електричарите деновиве се однесуваат на правилно ракување со грејните тела, бидејќи голем процент од пожарите настануваат

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БиХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

Американски дипломати побарале од Кристијан Шмит да поднесе оставка од функцијата висок претставник за БиХ, но, тој го одбил барањето, наведувајќи дека е силно поддржан од Германија, која го предложила за оваа
Go toTop