Бејта: По 11 јануари ја враќаме институционалната грижа за сите населени места во Гостивар

January 8, 2026
1 min read

Во рамки на предизборните активности, кандидатот за градоначалник на Општина Гостивар, Невзат Бејта оствари повеќе средби со жителите на населените места на источниот дел од општината.

Кандидатот кој е поддржан од Коалицијата Вреди во селото Чегране од кои слушна кои се нивните барања и очекувања од новата власт.

– Кога раководев со општината ветив и остварив и жителите на Чегране се благодарни за асфалтирањето на патот Чегране – Тумчевиште, за уредувањето на спортската сала. Сега им ветив дека во овој мандат ќе го изградиме и Домот на културата. Оттука ја најавувам победата на овие избори, рече Бејта.

Тој најави и дополнителна поддршка за прволигашот ФК „Арсими“, за кој рече дека е гордост на Чегране. Финансиска поддршка е најавена и за КУД „Јахи Хасани“.

Кандидатот за градоначалник Невзат Бејта на средбите кажа дека во програмата е посветено внимание на нови инвестиции, на јавната хигиена со поставување подземни контејнери и повеќе грижа за зелените површини.

– Време е да ја зајакнеме локалната економија, преку поддршка на домашните бизниси и намалување на невработеноста и тоа го имаме предвидено, рече Бејта.

Претходно на средба со жителите на соседното село Форино, им ја претстави изборната програма за повторните избори која предвидува за една година реализација на 25 проекти, новиот пат до Гостивар, со што ќе се олесни сообраќајот во целиот регион.

– По 11 јануари нè очекуваат големи работи за да имаме општина со функционални населени места и современи услови, посочи кандидатот за градоначалник Невзат Бејта

Тој во рамки на вчерашните активности во предизборната кампања имаше средби и со жителите на селото Чајле и населбата Питарница.

– Слушнав многу разочарани луѓе поради игнорирањето во изминатите осум години од локалната власт. Сепак, тие изразија благодарност за проектите реализирани за време на мојот мандат. Заедно, со големата победа на 11 јануари, ќе го вратиме институционалното внимание, одржливиот развој и неопходните инвестиции во секоја населба на Гостивар, рече Бејта.

На средбите поддршка за кандидатот на Вреди побараа и Беким Сали првиот вицепремиер и министерот за здравство Азир Алију.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФИФА ќе ги скенира играчите на Светското првенство за да направи аватари за офсајд

Следно

Мицкоски: Со измените на Кривичниот законик СДС и ДУИ создадоа можност да се амнестираат самите, со што го контаминираа правосудството

Latest from Blog

Александар Николоски: Инвестициите во коридорите 8 и 10 го зајакнуваат геостратешкиот потенцијал

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, изјави дека Македонија треба да се приклучи на иницијативата на САД „Три мориња“ поради геостратешкиот интерес на државата. Тој нагласи дека Коридорите 8

Велигденска порака од Проданоски: Нека верата и љубовта бидат водилка во нашата општина

Дејан Проданоски, градоначалник на општина Прилеп, преку своите социјални мрежи упати искрени честитки до сограѓаните по повод Велигден. Тој посака празничните денови да се поминат во мир, љубов и сплотеност со најблиските.

Смртна казна за двајца полицајци во Бангладеш за убиството на активист во бунтот во 2024 година

Трочлениот судски совет на Меѓународниот трибунал за кривични дела, специјализиран суд во Дака, предводен од судијата Нозрул Ислам Мазумдер, денеска ја изрече пресудата за убиството на активистот Абу Саид, изјави главниот обвинител

Хоџа: Нова опрема за отпад во Струга и засилени инвестиции во инфраструктурата

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, изврши увид во новонабавената комунална опрема – дел од воспоставувањето интегриран и одржлив регионален систем
Go toTop