Башким Селими нов претседател на Советот на јавни обвинители

December 9, 2025
1 min read

Башким Селими е избран за нов претседател на Советот на јавни обвинители (СЈОРМ), одлучи Советот на денешната седница. Селими досега ја извршуваше функцијата заменик претседател на Советот. За нов заменик претседател беше избрана Маријана Илиевска.

Предлогот за избор на Селими беше поднесен од членот на Советот, Зорица Павловиќ и беше поддржан со осум гласови „за“ од вкупно 11 членови. При гласањето имаше три неважечки ливчиња.

-Фала на поддршката, и тие што не гласале ќе бидат со мене, заедно ќе работиме. Како второ сакам да се заблагодарам на досегашната претседателка, додека го водеше Советот заеднички се боревме сите и понатаму ќе се бориме заеднички и ќе излеземе на добри патишта, рече Селими.

За заменик претседател на Советот, Селими ја предложи членката Маријана Илиевска, а предлогот беше едногласно поддржан.

Изборот следи по престанокот на функцијата на претходната претседателка, Душица Димитриеска, поради истек на мандатот на 1 октомври годинава. Ова беше констатирано на 28-та седница на Советот одржана на 30 септември. Тогаш изборот на нов претседател беше одложен поради одржувањето на локалните избори.

На денешната седница, членот Ардијан Демири, при утврдување на дневниот ред, побара одложување на одлуката за избор поради реформските закони кои се во собраниска процедура, пред сѐ поради новиот закон за јавни обвинители, кој се очекува да биде донесен до крајот на декември.

Демири истакна дека 20 дена не би играле улога за комплетирање на Советот и дека донесувањето на новиот закон би им овозможило на членовите од редовите на Собранието рамноправно со другите колеги да кандидираат и да бидат предложени и избрани за претседатели на Советот.

Овој предлог беше поддржан само од четири членови, со што не беше усвоен.

На денешната 32. седница претходно беше донесена одлука за престанок на функцијата јавен обвинител по сопствено барање за јавниот обвинител Мустафа Хајрулахи. Исто така, беше формирана Комисија за спроведување на стратегијата за комуникација и транспарентност за 2025 – 2028 година.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Голем удар за Реал: Судијата од мечот со Селта оценет со висока оценка!

Следно

Половина од Киев во темнина по руските напади

Latest from Blog

Меџити: Околу еден милион евра инвестираме во базен за нашите деца во Чаир

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска изврши увид во работите на новиот базен во училиштето „7 Март“. Тој посочи дека изградбата се одвива според планираната динамика и

Главниот ривал на Инфантино се откажува од трката за прв човек на ФИФА?

Виктор Монталијани, кој се споменуваше како еден од најсериозните потенцијални противкандидати на Џани Инфантино за претседателската функција во ФИФА, најверојатно нема да влезе во трката на изборниот конгрес закажан за 18 март.

Проданоски: Прекрасен подарок со искрена порака во пресрет на 11 Октомври

Во пресрет на 11 Октомври, ученици од текстилно-кожарската и шумарско-дрвопреработувачката струка при СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп му подарија рачно изработено македонско знаме на градоначалникот Дејан Проданоски. Знамето е едно од трите
Go toTop