Барселона се крена против странци, ама тие со пасош, не без пасош

July 8, 2024
1 min read

Се работи за илјадници демонстранти кои маршираа низ Барселона мафтајќи со плакати и прскајќи со пиштоли на вода, во знак на протест против претераниот туризам во градот и општо во Шпанија.

Слоган на протестот е „Доста е! Да ставиме граници на туризмот“ и на него се бара нов економски модел кој ќе го ограничи бројот на милиони туристи кои секоја година ја посетуваат Барселона.

Само изминативе десет години во Барселона цената на домување е зголемена за 68%, згора на тоа е постојаниот раст на цените за секојдневните производи предизвикани од непрестајниот наплив на туристи.

Градоначалникот на Барселона неодамна објави план за укинување на сместувањето на краток рок (Ербиенби, Букинг…) до 2028, како дел од мерките за намалување на постојаниот раст на киријата во градот.

Протестите следуваа по слични демонстрации во шпански туристички локации како Малага, Палма де Мајорка и Канарските острови.

Само минатата година Барселона ја имаат посетено 12 милиони туристи. Шпанија е втората најпосетена држава во Европа по Франција, со 85 милиони туристи во 2023, што е за 18,7% повеќе отколку во 2022.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ангелов за „Студио 10“: Дали останувам во ЦУК, одговор има само македонската Влада

Следно

ЕП во Германија е најпосетуван шампионат на сите времиња

Latest from Blog

Песков: Преговорите за Украина се на пауза, бидејќи САД имаат други приоритети

– Во преговорите навистина има пауза. Американците имаат други приоритети и тоа е разбирливо, посочи Песков. Според него европските држави прават грешка кога инсистираат Киев да продолжи со воените дејствија против Москва.

Почина чичко Драги од Рекорд

Драган Пароски, познат како чичко Драги од Рекорд почина. Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Тина, која вели дека со години му помагала, пред да замине во странство. -Секое поминување

Шилегов тврди: Тројца екс градоначалници на Кочани неправедно обвинети во случајот „Пулс“

Адвокатот Петре Шилегов во своето најново интервју жестоко ја критикуваше логиката на Јавното обвинителство во судскиот процес за трагедијата во кочанското кабаре „Пулс“, посочувајќи на сериозен правен парадокс. Според Шилегов, обвинителството неосновано
Go toTop