Барселона ќе започне преговори со Чави за нов договор

March 16, 2023
1 min read

Раководството на шпанскиот фудбалски великан Барселона, наскоро ќе разговара со тренерот Чави за неговиот нов договор.

Шпанските медиуми пишуваат дека клубот е задоволен од работата на Чави и сака да го обноват договорот со него, кој истекува ова лето.

Двете страни ќе започнат преговори по претстојниот натпревар со Реал Мадрид, без оглед на исходот на дербито. На 19 март екипите ќе одиграат натпревар на „Камп Ноу“, кој е многу важен за шампионскиот торфеј.

Чави е на чело на Барселона од ноември 2021 година.

Моментално Барселона води во Шпанското првенство со девет бода предност пред Реал Мадрид кој е бранител на трофејот. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од воведувањето на новите протоколи, пристигнале само две дојави за бомби

Следно

Ердоган: Туркиски свет беше меѓу првите организации што помогна по смртоносните земјотреси во Туркије

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop